Опис на моторот од 1.192 m³:

ОПШТО:

Моторот на Volkswagen T1 е четири цилиндричен, четиритактен карбураторски тип на мотор разладуван со воздух - со по два цилиндри кои се поставени еден спроти друг - Boxer-принцип - и висечки вентили. Тој е споен со четири завртки на погонското куќиште сместено во гумeно лежиште.

КАРТЕР:

Дводелниот картер е произведен од лесен метал во постапка на леење. Двете половини се заедно обработени и поради тоа мора да се заменуваат само заедно.

КОЛЕНЕСТА ОСОВИНА:

Сите четири позиции на лагери на коленестата осовина се прицврстени. Лагерите 1, 2 и 3 се поделени и составени од челична оловна бронза. Лагерот 4 е алуминиумски споен лагер. Аксијалните влечни сили на коленестата осовина ги презема лагерот 2. Степенот на нишање со запчест венец за стартерот се задржува со вдлабната завртка и се осигурува од извртување преку четири клипови на коленестата осовина. Тркалото за управување и погонското тркало за распределба се обезбедени со пружинест клин. Шестострана завртка ја држи плочата на коленестиот ремен на своето лежиште. Изолирањето на коленестата осовина се врши од страна на спојката преку прстен на дихтунг, на плочата на коленестиот ремен со дефлектор за масло.

КЛИПНИ ПОЛУГИ:

Четирите клипни полуги се поставени на коленестата осовина со лагери од оловна бронза што може да се менуваат и носат бронзен цилиндар за болцните на колбата.

КОЛБИ:

Колбите од лесен метал со челични облоги носат три клинести прстени чијшто најдолен дел е составен од прстен за стругање масло. Болцните на колбата се потопени во клипот, во колбите странично се обезбедени со сигурносни прстени.

ЦИЛИНДРИ:

Четирите специјално излеани цилиндри се еднакви еден со друг и можат поединечно да се заменат заедно со соодветната колба. За размената на топлина со ладниот воздух што струи излеани се ребра за ладење.

ГЛАВА НА ЦИЛИНДАР:

По два цилиндри носат една заедничка, мобилна и ребреста глава на цилиндар од лиен лесен метал со втиснати прстени за лежиште на вентилите и водови за вентилите. Вентилите се висечки подредени во главата на цилиндарот. Помеѓу цилиндрите и главата на цилиндарот, површините за седење не носат дихтунг. Бакарно-азбестните прстени на дихтунгот, поставени надвор покрај седечките површини помеѓу цилиндрите и главата на цилиндарот, дополнително обезбедуваат од евентуално излегување на гасови што согоруваат. 

УПРАВУВАЊЕ:

Брегастото вратило е трократно поставено во картерот без посебни лагери/лежишта. Погонувањето на коленестата осовина се врши со косо изабени челни тркала. Тркалото на брегастото вратило е од лесен метал. Управувањето на вентилите се врши од страна на запците преку клиповите, шипките на клиповите и подвижната рачка. Секој забец притоа наизменично активира по еден вентил од двата цилиндри коишто се поставени еден спроти друг. Вентилите за испуштање се обложени со особено висококвалитетен челик од хромиран никел.

ЛАДЕЊЕ:

Ладењето на воздухот се врши преку радијален вентилатор. Тркалото на вентилаторот лежи врз продолженото вратило на светлосната машина. Се погонува преку клинест ремен кој дополнително се подесува од коленестата осовина со двоен број на вртежи на моторот. Вентилаторот преку отвор во куќиштето на вентилаторот вшмукува воздух и го притиска преку ребрестиот цилиндар и главите на цилиндарот. Воздухот притоа се води во лимените прегради кои делумно се наоѓаат во куќиштето на вентилаторот, а делумно гообложуваат цилиндарот. Прстенот за придушување на влезот за воздух на вентилаторот што е регулиран преку термостат се грижи за брзо постигнување и рамномерно одржување на оперативната температура.

КРУЖЕЊЕ НА МАСЛО:

Подмачкувањето е развиено како циркулаторно подмачкување под притисок со посебно ладење на маслото. Пумпата за масло на запчестото тркало се наоѓа на погонската страна на брегастото вратило и од истото се погонува. Маслото се зема од најниската точка на картерот и се притиска преку ладилникот на масло до каналите за масло. Дел од маслото се притиска преку лагерот на коленестата осовина во продупчената коленеста осовина и ги подмачкува лагерите на клипните полуги. Друг дел ги подмачкува лагерите на брегастото вратило, трет дел се одлева преку вдлабнатите одбојници кон подвижната полуга и ги подмачкува нејзините лагери и вентили. Ѕидовите на цилиндарот, колбите и болцните на колбите се подмачкуваат со центрифугирано масло. Маслото што истекува од местата за подмачкување се враќа назад во картерот, каде што со помош на сито се задржуваат нечистотиите на најдолното место на картерот, пред маслото одново да го започне кружењето. Ладилникот се наоѓа врз картерот и се лади од воздухот којшто е вшмукан од вентилаторот. На тој начин, тој е вграден во ладилникот за масло, така што мора да го помине маслото водено од пумпата пред да стигне до поединечните места за подмачкување. Падот на температурата во ладилникот за масло изнесува околу 20° C. Со ладењето, маслото ги задржува перформансите за подмачкување и при многу топло време и постојано оптоварување на моторот. При оладено, а поради тоа и погусто масло делува еден сигурносен вентил, така што маслото со делумно заобиколување на ладилникот за масло истекува непосредно во каналите за масло. Во водот под притисок помеѓу пумпата за масло и ладилникот за масло има вградено самостоен прекинувач за контролната светилка за притисокот на маслото, кој при притисок од 0,4 − 0,6 atü отвора електричен контакт и на тој начин ја прекинува струјата на контролната светилка. При вклучување на палењето и при низок притисок на масло светнува светилката.

 

Close