По интензивно барање, во јуни 2014 година беше купен Volkswagen Kombi T1,
година на конструкција 1957, којшто веројатно бил изработен во мала серија кај D'iteren - белгискиот увозник за Volkswagen Комерцијални возила. Bulli веднаш го започна своето патување за Линц, каде што се сретна со еден екстра мотивиран, врвен тим на чираци.

Тука започна една од најтешките задачи за момчињата и девојчињата (чираци од 1-ва и 2-ра година на обука) на ПИА сервисот Мајер во Линц. Всушност, Bulli требаше комплетно одново да се конструира: започнувајќи од каросеријата па сè до технологијата мораше да се обнови и преработи сè. Уште при испораката, "тимот на Bulli" беше обземен од сјајот и уникатноста од минатото и воодушевувањето можеше да им се прочита од лицата. Но, чираците не беа оставени сами на себе и без план со реставрацијата. Тие уште од самиот почеток беа придружувани од искусни колеги.

Close