T2 ("Bulli") Код: Tип 2

T2a од 1967 ја претставува втората генерација на Transporter. Новиот Transporter е малку беше зголемен, сега има големи прозорски површини и едноделно ветробранско стакло, во сериската опрема лизгачка врата и значително подобрено подвозје со предна оска со кружен зглоб и задна оска со накосен управувач, што се препознава кај поставеноста на тркалата. Задните тркала, во секакви возни услови го задржуваат својот лесен негативен пад. Моторот со внатрешно согорување што се разладува со воздух во задниот дел сега зафаќа помалку место. Во поглед на каросеријата, овој Transporter добива многу повеќе на висина. Моќноста на моторот се искачува до 70 кс, сè порамните мотори го зголемуваат просторот за товарање, а за првпат по желба можете да го добиете и со автоматски менувач. T2a добива и голем број безбедносни опреми. Во споредба со американските барања, T2 е исклучително безбеден при незгоди. "Сите седишта може да се опремат со појаси за колковите. Седиштата во просторот на возачот и надворешните седишта од просторот за патници можат по избор да се опремат и со појаси за рамена или комбинирани појаси за колкови и рамена", препорачува првото упатство за употреба од 1967 година.

T2, со својата технологија и посебните безбедносни опреми, значително се издигнува од комерцијалните возила од тоа време. Повеќе од кога и да е, тој не е само транспортер, туку и пространа лимузина. Не залудно фино уредените варијанти на бусови го носат пред сè називот Clipper. "Новиот Volkswagen Transporter - како патничко возило" пишуваше во едно соопштение за печатот на Volkswagen. На фабриката Volkswagen и успеа заедно со фирмата Westfalia и со другите инсталатери на каравани на мотор да го исполнат сонот за пристапни возила за кампување. Еднособниот стан на четири тркала може да се купи како комплет или со делови за монтажа за моделирање возило за кампување.

Варијанти на модели

Варијанти Мотор: Mесто на вградување на моторот: Погон: Меѓуоскино растојание (mm): Должина/ширина/висина (mm):
T2 1.6: 1967 – 1979
T2 1.7: 1971 – 1973
T2 1.8: 1973 – 1975
T2 1.9: 1975 – 1979
Мотор со четири цилиндри со внатрешно согорување, разладуван со воздух одзад позади, надолжно заден дел 2.400 4.420/1.765/1.960
4.505/1.720/1.960 (ab 1976)

Мотор:

T2 1.6: 1967 – 1979
T2 1.7: 1971 – 1973
T2 1.8: 1973 – 1975
T2 1.9: 1975 – 1979
Мотор со четири цилиндри со внатрешно согорување, разладуван со воздух одзад

Mесто на вградување на моторот:

T2 1.6: 1967 – 1979
T2 1.7: 1971 – 1973
T2 1.8: 1973 – 1975
T2 1.9: 1975 – 1979
позади, надолжно

Погон:

T2 1.6: 1967 – 1979
T2 1.7: 1971 – 1973
T2 1.8: 1973 – 1975
T2 1.9: 1975 – 1979
заден дел

Меѓуоскино растојание (mm):

T2 1.6: 1967 – 1979
T2 1.7: 1971 – 1973
T2 1.8: 1973 – 1975
T2 1.9: 1975 – 1979
2.400

Должина/ширина/висина (mm):

T2 1.6: 1967 – 1979
T2 1.7: 1971 – 1973
T2 1.8: 1973 – 1975
T2 1.9: 1975 – 1979
4.420/1.765/1.960
4.505/1.720/1.960 (ab 1976)

Верзии на мотор

Тип: Простор на мотор (cm3): Моќност (kW/PS - при min-1): Макс. вртежен момент(Nm - при min-1):
1.6 (1967 – 1979) 1.584 35/47/4.000
37/50/4.000 (ab 1970)
104/2.200
106/2.800 (ab 1970)

Простор на мотор (cm3):

1.6 (1967 – 1979) 1.584

Моќност (kW/PS - при min-1):

1.6 (1967 – 1979) 35/47/4.000
37/50/4.000 (ab 1970)

Макс. вртежен момент(Nm - при min-1):

1.6 (1967 – 1979) 104/2.200
106/2.800 (ab 1970)
Тип: Простор на мотор(cm3): Моќност (kW/PS - при min-1): Макс. вртежен момент (Nm - при min-1):
1.7 (1971 – 1973) 1.679 49/66/4.800
46/62 /4.200 (mit 3-Gang-Automatik)
114/3.200
116/3.200 (mit 3-Gang-Automatik)

Простор на мотор(cm3):

1.7 (1971 – 1973) 1.679

Моќност (kW/PS - при min-1):

1.7 (1971 – 1973) 49/66/4.800
46/62 /4.200 (mit 3-Gang-Automatik)

Макс. вртежен момент (Nm - при min-1):

1.7 (1971 – 1973) 114/3.200
116/3.200 (mit 3-Gang-Automatik)
Tип: Простор на мотор (cm3): Моќност (kW/PS - при min-1): Макс. вртежен момент (Nm - при min-1):
1.8 (1973 – 1975) 1.795 50/68/4.300 130/3.200

Простор на мотор (cm3):

1.8 (1973 – 1975) 1.795

Моќност (kW/PS - при min-1):

1.8 (1973 – 1975) 50/68/4.300

Макс. вртежен момент (Nm - при min-1):

1.8 (1973 – 1975) 130/3.200
Tип: Простор на мотор (cm3): Моќност (kW/PS - при min-1): Макс. вртежен момент (Nm - при min-1):
1.9 (1975 – 1979) 1.970 52/70/4.200 141/2.800

Простор на мотор (cm3):

1.9 (1975 – 1979) 1.970

Моќност (kW/PS - при min-1):

1.9 (1975 – 1979) 52/70/4.200

Макс. вртежен момент (Nm - при min-1):

1.9 (1975 – 1979) 141/2.800

Нега на модел Избор на некои методи за нега на моделот.

1968

Се воведува варијантата со висок покрив од пластика.

1969
Auch der T2 konnte mit diversen Campingausstattungen von Westfalia erweitert werden.

Исто така и T2 беше проширен со различни варијанти за кампување на Westfalia. Притисокот врз педалот можеше да се намали со опционален засилувач на силата на сопирачките. За добра видливост се грижеа загревањето на задното стакло и подобрената вентилација на предното стакло. Сигурносниот управувачки столб со дефинирана точка на кршење, го штитеше возачот во случај на незгода.

1970

За следната година на модел следеше нова конструкција на телото на предната оска, модификација на предната диск-сопирачка и задните поголеми цилиндри за сопирање. Со користење на 1.600 ccm двоен доводен канал се зголеми моќноста на моторот на 50 кс. Ладилникот на моторот се снабдуваше со воздух во кутијата на вентилаторите за да се намали термичкото оптоварување на третиот цилиндар. Тркалата и фелните станаа пошироки, соодветно на тоа и задните засеци на тркалата и лежиштето на резервното тркало.

1971

Од август 1971 до јули 1972 година T2a веќе беше украсен со некои елементи на идниот модел T2b: тука се вбројуваат повисоките задни светла и поголемите странични отвори за воздух на задниот дел. Исто така, и таканаречениот рамен мотор со 1,7 литри и 66 кс може да се воведе од T4 тип 411. Негова карактеристика покрај значително бесшумното работење е и издувната цевка на десната страна. За тоа беа неопходни неколку измени во просторот на моторот (меѓу другото капак за пристап во багажниот простор).

1972

Во текот на сеопфатната грижа за моделот, технологијата на моделот T2b беше суштински обновена. Рамките беа зацврстени, сигурносните појаси влегуваа во сериската опрема за сите седишта. Новиот изглед на предницата со правоаголните трепкачи кои беа интегрирани во решетката за влез на воздух и поголемите предни браници со деформирани елементи оставаа особен впечаток. Автоматскиот менувач сега можеше да се испорача заедно со големиот мотор.

Освен тоа, се подобри управувачот без серво, за чиешто вртење сега беше потребна 20% помала рачна сила. На симпозиумот "Електричен патен сообраќај" Volkswagen за првпат го претстави прототипот на возило со приколка со електромотор.

Моделот T2b со двојна кабина ("Doka") нуди оптимална комбинација од корисна површина и простор за патници.

Различно отколку кај T2a, предните трепкачи кај T2b се високо поставени и амортизерите се во форма на кутија. Уште кај моделот од 1971 година беа воведени повисоките, правоаголни задни светла, поголемите отвори за воздух и истакнатите оски на тркалата во задниот дел.

Исто така и од T2b има таканаречен "посебен модел" со висококвалитетна опрема. Тој нуди место за до 9 патници.

1973

Зафатите за продолжување на животниот век на моторот во областа на главата на цилиндарот се во корист на 1,6 литарската верзија. Уредот за сопирање се подобрува - подебели дискови за сопирачки, поголеми цилиндри за сопирање на тркалата и регулатори на силата на сопирачките условени од оптоварувањето.

1974

Просторот на рамниот мотор се прошири на 1,8 литри, моќноста се зголеми на 68 кс.

1975

Просторот на рамниот мотор се зголеми за точно два литра (70 кс). Благодарение на засиленото подвозје, комбето сега може да биде оптоварено до 1,2 тона.

1976

Специјализирањето на програмата содржи осум основни модели и 17 посебни изведби, меѓу кои и бус за кампување со 2 литри и оптимален автоматски менувач. За првпат е достапен и клима-уред.

1977

Westfalia го испорачува бусот за кампување "Берлин". Следуваат "Хелсинки" и конструкцијата "Мозаик".

1978

Најпосакуваниот модел од тие денови: "Сребрен бус" или "Сребрена риба", Volkswagen Bus лакиран со сребрена металик боја со целосна опрема, голем лизгачки покрив и темно сина опрема од велур, има 70 кс.

Созрева концептот на погон на сите тркала. По една интензивна развојна фаза во 70-ите години, во 1978 година беа конструирани пет пробни возила на T2 база со преден погон што може дополнително да се активира. Поради досегашното фокусирање на моторот и погонот во задниот дел на возилото, потребни се соодветни приспособувања на подот и предната оска.

1979

На 31-ви октомври 1979 заврши производството на T2 во Хановер. Во Бразил, T2 со заден мотор со разладување со воздух и G-Kat и понатаму се произведуваше. За конструкцијата беа користени трепкачи и задни светла од T2b и браници од T2a.

1980

Во Бразил, T2 во поглед на технологијата и каросеријата стана посовремен и подобрен.

2006

Уште од 2006 година, T2 во Бразил постои со 1,4 литарски мотор со разладување со вода со 80 кс и максимална брзина од 130 km/h. Бразилскиот модел се разликува во својот изглед преку покривот со остри рабови, браниците и решетката за ладење од црна пластика.

Галерија

Уникатен во шестата генерација.

Сеедно дали се работи за Transporter за големи и тешки задачи, Caravelle за барања од највисоко ниво за професионално превезување лица, Multivan со голема понуда на простор и флексибилно искористување на истиот или California Reisemobil: T6 се претставува сестрано и оптимално се прилагодува на најразличните барања во професионалниот живот и во слободното време.

© Volkswagen Акционерско Друштво - сликите кои ги прикажуваат моделите T1, T2, T3 и T4 се достапни со помош на Volkswagen АГ за илустрации на интернет страницата. Преземањето односно користењето на сликите не е дозволено.