T6 Модели

ОРИГИНАЛОТ: "BULLI" ОД ПРЕД 65 ГОДИНИ Е ОПТИМАЛЕН ПРИДРУЖНИК ЗА РАЗЛИЧНИ ПОБАРУВАЊА ВО ПРОФЕСИОНАЛНОТО И ПРИВАТНОТО СЕКОЈДНЕВИЕ

 

 

TRANSPORTER ФУРГОН

КАКО НИКОЈ ДРУГ

Transporter  Фургон ги зголемува своите задачи. Просторот за товарање денес нуди повеќе функционалност и многустраност од било кој друг. Изработката за пример ја формира основата за ефикасно средство за работа, кое што е дораснато на сопствените задачи. Двете меѓуоскини растојанија и трите кровни варијанти му овозможуваат на товарниот простор волумен од 9 м3 и корисна носивост од 1,4 т. 

Showroom

TRANSPORTER ПАТАР

ОПТИМАЛНО ПОДГОТВЕН ЗА СЕКОЈА РАБОТА

Transporter Патар пренесува товар со големи димензии: потешки машини, повеќе опрема, повеќе товар, повеќе работна сила. Модуларниот принцип овозможува перфектно прилагодување на товарната површина, опремата и просторот за патници. Transporter Патар е достапен со единечна и двојна кабина. Исто така, се мисли и на возењето на лоша подлога: Подвозјето е достапно и со изведба за лоши патишта. 

Showroom

TRANSPORTER ШАСИЈА

МОЖЕ ДА СЕ НАДГРАДУВА

Како единствен од својата класа Transporter нуди шасија со околу 1.600 кг дозволено оптоварување за различни надградби. Transporter шасијата  достапна е со единечна или двојна кабина. Опционалната конзола со 1-DIN-отвор на инструмент таблата нуди место за прекинувачи и команди наменети за специфична надградба. 

Showroom

TRANSPORTER КОМБИ

УБЕДЛИВ ВО СЕКОЈДНЕВНИТЕ ДЕЈСТВИЈА

Да донесе работници на местото за работа - тоа е задачата на Transporter Комби. Тој нуди место за 9 лица, голема товарен простор и ги исполнува секојдневните задачи. Робусните навлаки за седишта и гумената подна облога се екстра лесни за одржување. Благодарејќи на Easy Entry, влегување и излегувањето на патниците во задниот дел со седишта е посебно комфорно. 

Showroom

CARAVELLE

ПЕРФЕКТЕН SHUTTLE.

Од пред 30 години Caravelle ги исполнува високите барања во професионалниот превоз на патници и не убедува во комфорниот внатрешен дизајн и модерните Infotainment системи поврзани со едно промислено флексибилно работно место за возач. Соодветните конфигурации, од 4 па сè до 9 седишта исполнуваат многу различни Shuttle задачи. Малата потрошувачка на гориво му овозможува на Caravelle да биде перфектен економичен Shuttle 

Showroom

MULTIVAN

ВЕЛИЧЕСТВЕН ВО ШЕСТАТА ГЕНЕРАЦИЈА

Не нè воодушевува само  со врвната понуда и комфорниот простор за користење, туку и со врвната опрема за внатрешниот простор, со модерни Infotainment системи и напредни системи за помош на возачот, а ефикасните мотори го исполнуваат секое барање. Уживајте ја големата флексибилност на интелигентните системи на шини. Multivan за момент се прилагодува кон Вашите потреби.

Multivan