КЛИМА-УРЕД"CLIMATIC"

Полуавтоматскиот клима-уред "Climatic" располага со сензор за внатрешниот простор и постојано ја изедначува внатрешната температура со саканиот степен на топлина во просторот за возачот. Дополнителновоздухот во просторот за патнициоптимално се распoредува.

1 Цртеж го покажува MultivanTrendline
Сериска опрема кај MultivanTrendline и Comfortline.
Опционално достапно за MultivanTrendline и Comfortline.Не е достапно за Multivan Highline. 

КЛИМА-УРЕД "CLIMATRONIC"

Овој систем нуди регулирање на температурата во 3 зони за возачот, совозачот и патниците во просторот за патници. Тој ја препознава јачината на сончевото зрачење и надворешната температура и соодветно на тоа доведува повеќе или помалку свеж воздух внатре. Автоматското префрлување кон затворена циркулација на воздухот со помош на сензорот за квалитетен воздух создава пријатна клима.

1 Цртеж го покажува Multivan Highline.
Сериска опрема кај Multivan Highline.
Посебна опрема со дополнителна цена за Multivan Trendline и Comfortline.

ЗАГРЕВАЊЕ НА ПРЕДНОТО СТАКЛО

Со опционалното загревање на предното стакло имате добар поглед нанапред,а исто така и при ладно и влажно време.

Посебна опрема по дополнителна цена за Multivan Trendline, Comfortline и Highline.
Достапен само заедно со пакетотСветло&Видливост. 

ГРЕЕЊЕ ВО МИРУВАЊЕ

Греењето во мирување по желба работи независно од уредот за греење и вентилација и исто така преку контролната површина може да се регулира со помош на далечински управувач. По желба, алтернативно е достапно и дополнително греење на вода.

Посебна опрема по дополнителна цена за Multivan Trendline, Comfortline и Highline.

Close