РАДИО СИСТЕМ "COMPOSITION AUDIO"

Радио системот "Composition Audio" опфаќа еднобоен TFT-дисплеј, четири звучници, преграда за SD-картички, AUX-IN и USBинтерфејс, како и Bluetooth-врска за мобилни телефони.

Сериска опрема кај Multivan Trendline и Comfortline.

РАДИО СИСТЕМ "COMPOSITION COLOUR"

Системот опфаќа TFT екран на допир во боја со големина од 12,7 см (5 инчи), MP3 и WMA компатибилен CD-читач, осум звучници, една преграда за SD-картичка, AUX-IN-интерфејс, USB-интерфејс,Bluetooth-врска за мобилни телефони како и двоен тјунер со PhasenDiversity за најдобар можен радио-прием.

Посебна опрема за дополнителна цена кај Multivan Highline.
Сериска опрема заMultivan Comfortline и Highline.

РАДИО СИСТЕМ "COMPOSITION MEDIA"

Опционалниот радио систем опфаќа TFT- дисплеј во боја со големина од 16,5 cm (6,33 инчи), екран на допир со сензорика на приближување,CD-читач компатибилен за MP3 и WMA, осум звучници, преграда за SD-картички, AUX-INи USB - интерфејс во фиоката за ракавици, Bluetooth-врска за мобилни телефони како и двоен тјунер со PhasenDiversity за најдобар можен радио-прием.

Пoсебна опрема за дополнителна цена за Multivan Trendline, Comfortline и Highline.

СИСТЕМ ЗА НАВИГАЦИЈА "DISCOVER MEDIA"

Дополнително кон функциите на радио системот "Composition Media" со осум звучници, интегрирана е и втора преграда за SD-картички, којашто ја вчитува SD-картичката со материјалот за мапи. За инсталираниот материјал за мапи за Европа, со Volkswagen MapCare, достапни се и бесплатни ажурирања преку интернет страницата на Volkswagen¹

СИСТЕМ ЗА НАВИГАЦИЈА"DISCOVER MEDIA PLUS" 2

Дополнително кон функциите на системот за навигација "Discover Media" со осум звучници, опфатена е и опремата по желба: дигитален радио прием DAB+, говорно користење, Car-Net App-Connect, Volkswagen Media Control, електронско зголемување на јачината на гласот и интерфејс за мобилен телефон "Comfort" со MEDIA-IN-интерфејс.

 

¹ Посебна опрема за дополнителна цена за Multivan Trendline.
² Посебна опрема за дополнителна цена за Multivan Trendline , Comfortline и Highline.

ИНТЕРФЕЈС ЗА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН "COMFORT"

Опционалната специјална преграда за Вашиот мобилен телефон располага со поврзување со надворешната антена без кабел за оптимирање на квалитетот на испраќање и прием на мобилната мрежа. Исто така, и полнењето се одвива сосема едноставно: за тоа телефонот мора да биде поврзан со  USB-интерфејсот, којшто исто така се наоѓа во преградата.

Достапен само заедно со радио системите "Composition Colour" и"Composition Media", како и со системот за навигација"Discover Media". Посебна опрема по дополнителна цена за Multivan Trendline, Comfortline и Highline.

Close