СОПИРАЧКА ЗА ПОВЕЌЕКРАТЕН СУДИР

Како дел од сериската опрема, сопирачката за повеќекратен судир, воведува по судирот процес на сопирање, за во идеален случај да се спречи последователен судир¹. Сопирачката за повеќекратен судир се активира, доколку два меѓусебно независни сензори препознаваат незгода. По кратко одложување, возилото постепено за запира на 10 km/h, при што возачот може повторно да ја преземе контролата во секое време.

¹ Во рамките на границите на системот.

СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ СОПИРАЊЕ

Како дел од сериската опрема, системот за помош при сопирање препознава со колкава брзина се притиска педалот за сопирање. При рефлексно или вонредно сопирање побрзо се воспоставува целосниот притисок при сопирање.

СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ПОАЃАЊЕ ПО НАГОРНИНИ

Како дел од сериската опрема, системот за помош при поаѓање по нагорнини, го спречува несаканото придвижување на возилото на нагорнини и при поаѓањето се грижи за комфорно маневрирање.

ИНДИКАТОР ЗА КОНТРОЛА НА ГУМИ

Како дел од сериската опрема, индикаторот за контрола на гуми предупредува при отстапки во притисокот на гумите¹ и му упатува на возачот, што е можно поскоро да го провери притисокот во гумите.

¹ Во рамките на границите на системот.

ДРУГА БЕЗБЕДНОСНА ОПРЕМА

Електронска програма за стабилност¹
Го спречува преслабото и пресилното управување во кривини, така што целно запира поединечни тркала¹.

Антиблокирачки систем (ABS)
Го спречува блокирањето на тркалата и на тој начин ја одржува способноста за управување.

Систем за регулирање на пролизгувањето (ASR)
Го спречува извртувањето на тркалата.

Електронска блокада на диференцијалот (EDS)
Ја распределува погонската сила на тркалата без пролизгување

Воздушни перничиња
Како дел од сериската опрема, тие ја нудат најдобрата можна заштита при преден и страничен судир. Воздушното перниче за детското седиште може да се деактивира со клучот за возилото. Во просторот за патници има воздушно перниче за глава.2

Предупредување за неврзан појас
Му сигнализира на возачот дека не е поставен појасот, така што по стартувањето на моторот оптички, а по почетокот на возењето акустично бара од Вас, да го врзете појасот.

 1. Во рамки на границите на системот
 2. Не е достапно за Multivan Comfortline со големо осовинско растојание. 

Close