Возилото станува место за средби
Новиот Multivan е универзално возило, кој игриво се приспособува на семејства. Екстериерот, како и ентериерот се целосно ново осмислени - но кај нив сепак постојано се препознава ДНК на Bulli. Мултифункционален и погоден за секојдневно користење , седмата генерација сега нуди уште повеќе дигитални карактеристики, иновативно мобилни услуги на високо ниво и интелигентни системи за помош. Исто и во поглед на комфорот за време на возењето и дизајнот новиот Multivan поставува нови стандарди - и со тоа нуди многу, што досега беше достапно само во високата класа на возила. Сето тоа го прави омилено место за среќавање за целото семејство.
Врвните карактеристики на новиот Multivan
Време е повторно да се заљубите.
Оптички новиот Multivan ги следи неговите претходници со јасна, безвременска форма- но одново го интерпретира класичниот дизајн. На предниот дел двата IQ.Light - LED-Matrix фарови2 и осветлените хромирани лајсни даваат впечатлив акцент. Вистински привлекуваат погледи и маркантната надворешност со лак во две бои и опционалните 19-инчни алуминиумски фелни, кои за првпат се достапни кај Bulli, вистински привлекуваат погледи. Новитет: амбиенталното осветлување во 30 бои. Тоа го претставува ентериерот во целосно ново светло.
Способност за функционалност, која ќе ве воодушеви
Една од силните страни во новиот Multivan се преклопливите единечни седишта во патничкиот дел, кои се за 25 проценти полесни и можат лесно да се отстранат во само неколку едноставни чекори. Со нив сега можете уште побрзо да поставите одредени поставувања на седиштата. Без оглед дали распоредот на седишта ќе биде Vis-a Vis со повеќефункциска масичка во средината или сите седишта ќе бидат во насока на движење или со надворешни седишта ќе бидат извадени за транспорт на велосипед - неколку едноставни чекори се доволни за да ја прилагодите внатрешноста на вашите потреби. Друга врвна карактеристика: За првпат надворешните седишта во просторот за патници може да се загреваат7 - така што и на децата ќе им биде удобно топло за време на ладните зимски денови.
Патувајте на високо ниво
Во новиот Multivan низ град ќе патувате исто комфорно како и на автопат. Без разлика дали ќе се одлучите за кратката верзија (4,98 m) или за долгата верзија (5,18 m): Двата модели се доволно ниски за вообичаени паркиралишта, а внатре сè уште има место за возбудливи патувања на одмор. Апсолутна новост претставува панорамскиот стаклен покрив со големина од 1,83 m2. Со него висината на просторот за патници расте за дополнителни 34 mm. Сега исто така и товарањето и качувањето се уште полесни. Електричните лизгачки врати како и електричната задна врата може да ги отворите со движење на стапалото под задниот браник - без да го вадите клучот од чантата. "Keyless Advanced" и "Easy-Open"10 го овозможуваат тоа.
Овде едно одговара на друго
Digital Cockpit, опционален Head-up дисплеј, мобилни онлајн услуги: Новиот Multivan има сè што љубителите на дигиталност посакуваат кај еден автомобил. И малку повеќе од тоа. Затоа што во возилото за првпат се нуди Amazon Alexa. Со тоа новиот Multivan конечно станува паметен дом на тркала. Кон добриот звук припаѓа опционалниот премиум музички систем од Harman Kardon. Со него сериското радио од 25,4 cm го претворате во аудиофилски уред - а со We Upgrade дури и во навигациски систем. Исто и по купувањето на возилото. Затоа што со We Upgrade за првпат можете да активирате многу атрактивни функции во In-Car Shop и да ги преземете. Кон нив се вбројуваат навигациската функција, како и амбиентално осветлување во повеќе бои и системи за помош на возачот. Инаку: Оној кој воопшто не сака да го напушти неговиот нов Multivan, може да го надгледува преку апликацијата We Connect и дури и далечински да управува одредени карактеристики.
Затоа што и тие мислат со вас
Помина времето кога моравте сè да правите сами. Интелигентниот систем за помош IQ.DRIVE15 кој може да го добиете по желба во новиот Multivan овозможува делумно автоматизирано возење во густ сообраќај на автопат или низ град, со тоа што привремено ги презема управувањето, забрзувањето и забавувањето. Доколку е предвидена соодветна инфраструктура, со опционалниот Car2X се воспоставува контакт со други учесници во сообраќајот. Веќе однапред знаете што има пред вас. Исто и IQ.Light - LED-Matrix фаровите мислат за вас. Заедно со "Dynamic Light Assist" динамично ќе ги вклучувате и исклучувате фаровите и ќе ви овозможат подобро осветлување во кривините, уште пред да го направите тоа.
Дизајнот: извонреден
Конфигурирајте го вашиот нов Multivan
Вашето возило од соништата можете да го конфигурирате според вашите потреби - кај Volkswagen Multivan линиите на опрема за секого има по нешто. Со помалку чекори ќе составите ваш сопствен нов Multivan: од менувач и мотор до боја, внатрешно осветлување и додатоци, кои животот на пат ќе ви го направат полесен и поудобен.