Мени
Затвори мени

Добре дојдовте во новиот свет

Новиот Multivan е премин во едно ново време. Време во кое се прави обид да се спојат потребите на постарите и желбите на поновите генерации. Поради тоа, новиот "Bulli" сега има уште помалку емисии и е поурбан, повеќе дигитален и повеќе вмрежен и поквалитетен и покомфорен. Истовремено, тој останува функционален и сестран како и досега. Тука модерната премиум опрема се спојува со квалитетите на едно сестрано возило, на кои сме навикнати. Уверете се и самите и откријте го новиот Multivan.

Уживајте во новата слобода

Повеќефункциска маса
Средишната конзола се претвора во центар на случувањата

Новиот Multivan нуди уште поголема слобода - во која уживаме и на повеќефункциската маса2 во внатрешниот простор. Новоразвиената маса не само што може да ја менува позицијата, туку и формата. Таа може склопена да се помести преку шините до измеѓу предните седишта и да се користи како средишна конзола со прегради за сместување и држачи за пијалаци.

Систем на поединечни седишта
Слобода во внатрешниот простор

Една од поголемите, нови придобивки во новиот Multivan се поединечните седишта во задниот дел што се склопуваат и лесно се вадат. Без разлика дали ќе се одлучите за седишта во насока на возењето или седишта свртени едно кон друго. И со двете варијанти може уште поедноставно да се реализираат различните распореди на седиштата. Уште една атракција: За првпат може да се загреваат надворешните седишта4 - па така и на децата ќе им биде пријатно топло во ладните зимски денови.

Доживејте ги новите амбиенти

Панорамски сончев покрив
Покривот се претвора во небо

Израдувајте му се на првиот сончев панорамски покрив што воопшто бил вграден во еден Multivan. Дводелниот панорамски стаклен покрив нуди поглед кон небото, внатрешен простор облеан во светлина и уште посилно чувство на просторност. Истовремено, специјален "LowE" слој го намалува зрачењето топлина - и го крева премиум комфорот типичен за Multivan на едно ново ниво.

Повеќе за новиот Multivan Style

Премиум ниво
Комфорот се претвора во прва класа

Толку паметен, вмрежен и комфорен Multivan не бил никогаш порано. Инструмент таблата со дигиталните дисплеи делува прегледно и првокласно. Веќе сериски во возилото се повеќефункцискиот кожен управувач со прекинувачи за пренос, дигиталниот кокпит и инфо-забавен систем со екран на допир од 25,4 cm. По желба, сега се достапни и ергономски ErgoComfort седишта со 18 позиции и премиум музички систем од Harman Kardon со 14 моќни звучници.

Висококвалитетни материјали
Задниот дел се претвора во конференциски простор

Внатрешноста на новиот Multivan е така оформена, што во неа ќе се чувствувате постојано пријатно. Елегантните двобојни навлаки од кожа "Savona"6 ја следат бојата на страничните облоги и се во хармонија со луксузните декоративни облоги "Dark Woodgrain Optic"7. Во задниот дел, седиштата се опремени со USB C приклучоци8. А, повеќебојното амбиентално осветлување9 Ви овозможува самите да одредите во кои бои би сакале да свети внатрешниот простор.

Откријте ги новите можности

„Keyless Advanced“2 и „Easy Open“10
Раката се претвора во нога

Секој нов Multivan сега сериски е опремен со две лизгачки врати. И влегувањето и излегувањето е оптимизирано. Во комбинација со системот за стартување и затворање без клуч "Keyless Advanced" вратите автоматски се отклучуваат штом се приближите. А со Easy Open функцијата може да ги отворате и затворате лизгачките врати и задната врата и со управување преку гестови. Слободно оставете ги Вашите раце в џеб. Доволно е само кратко движење со ногата под сензорот и вратите се отвораат или затвораат.

Разновидност на прегради
Воодушевувачки широкиот простор се претвора во талент за организираност

Уште една врвна карактеристика поврзана со комфорот во внатрешноста се бројните прегради. Во просторот за возачот, на вратите, под седиштата или на склопената повеќефункциска маса: Новиот Multivan нуди доволно простор за безбедно и уредно да сместувате предмети како таблети, играчки, ќебиња, шишиња со пијалак и чаши за кафе. За вашиот паметен телефон, во контролната табла е резервирана дополнителна преграда, којашто по желба може да се претвори во индукциска станица за полнење.

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team