Multivan ви ги отвора сите врати. Некои од нив дури и автоматски. На пример, лизгачките врати и задната врата може да се отклучат со помош на радио-клучот што го носите во џеб и да се отворат со гест со нога. Ова е особено практично кога стоите пред возилото со полни раце и сакате лесно да ги внесете покупките.
Предуслов за ова е функцијата Easy Open во комбинација со електрични лизгачки врати или електрична врата на багажникот.