Загушлива жештина и долги летни денови? Токму тогаш е најважно вие и вашите патници да патувате опуштено. Новата Caravelle го овозможува тоа: со стандардниот климатизациски систем, возилото брзо станува зона на комфор – без разлика дали сакате ладење, греење или свеж воздух. Брз, сигурен и со стабилна температура за поконцентрирано возење.
Опционалниот, целосно автоматски климатизациски систем со 2 зони овозможува уште поголема удобност. Возачот и совозачот можат индивидуално да ја прилагодат температурата – идеално кога секој има свои преференции. Сè се контролира лесно преку централниот допирен екран, со практични претходно поставени климатски режими.
А кога патувате со повеќе патници, 3-зонскиот климатизациски систем обезбедува удобност и за задниот дел од кабината. Во Caravelle Style е достапен и како стандард. Патниците позади можат самостојно да ја регулираат температурата преку посебен контролен панел – за пријатно патување, без разлика на должината на рутата.
Конфигурации на климатизација:
Топло во текот на зимата
Снег наутро, температури под нулата и прва обврска што не чека. Добро осмислените системи за греење во новата Caravelle се грижат за тоа да нема замрзнати стакла и студен ентериер. Внатрешноста останува топла и удобна, дури и во најстудените денови.
Електричниот помошен грејач кај дизел верзиите обезбедува дополнителна топлина и го поддржува греењето веднаш штом моторот работи. Лесно се контролира преку инфо-забавниот систем и овозможува брзо загревање, особено при кратки релации.
За уште поголема удобност, достапно е и дополнително водено греење: може да се програмира однапред или да се активира преку далечински управувач. Така влегувате во претходно загреано возило – без чекање и без компромис во зимски услови.