Затвори мени
Start Video

Новиот Caddy

 

100% ново. И сè уште 100% Caddy.

Новата самодоверба: новото Caddy е целосно преработено од нас. Покрај новиот возбудлив дизајн, задоволуваат и најмодерни системи за помош на возачот, висококвалитетен дигитален кокпит и напреден инфо-забавен систем (Innovision Cockpit) заедно со мобилни онлајн услуги. Секако, исто како и досега, новото Caddy и понатаму останува доверливо, флексибилно и издржливо во секојдневието - а сега е уште подобро подготвено за она што вашиот живот го носи со себе.

Од промената настана напредок

Внатрешен простор

Интуитивно се ракува

Внатрешноста на Caddy е целосно одново конципирана и притоа уште повеќе дигитализирана. Поради тоа, за првпат овој Allrounder опционално ќе го има со дигитални инструменти: дигиталниот кокпит. Притоа, кокпитот и инфо-забавниот систем формираат едно високо модерно дигитално опкружување (Innovision Cockpit). Исто така, дигитализирани се и многу други контролни елементи: меѓу другите, тука припаѓаат и модул со копчиња за функциите на светло и видливост лево од повеќефункцискиот управувач и модул под  инфо-забавниот систем како копчиња за директен влез во различни функции на менито. Дополнително, Caddy задоволува и со активната вентилација на просторот за патници, комфорните ергономски седишта, новиот концепт на седење што нуди две поединечни седишта во третиот ред за седење и многу повеќе.

Дигитални прикази

Сè во видното поле

Дисплејот на дигиталниот кокпит е креиран јасно и богато со контрасти; има дијагонала на екранот од 25,4 cm. Возачот може да избира помеѓу три различни конфигурации на екранот. Тоа се одвива преку копчето View во новиот повеќефункциски управувач. Во првата конфигурација, во округлите инструменти интерактивно се прикажуваат бројачот на вртежи и тахометарот; во средината на екранот се осветлува ниво што може индивидуално да се избере - телефонскиот именик на паметниот телефон. Дигиталниот кокпит се соединува заедно со врвниот инфо-забавен систем како максимално ниво на проширување на Innovision кокпитот со многубројни дополнителни функции.

Врвни комфорни карактеристики

Карактеристичен дизајн

Во поглед на технологијата и опремата, екстериерот на Caddy, којшто може да има до седум седишта, има бројни нови функции: во нив спаѓаат опционалните електрични механизми за помош при повлекување на лизгачките врати и задната врата, како и панорама покривот со стаклена површина од 1,4 m2, којшто се протега преку првиот и вториот ред седишта. Нови се и 18-инчните тркала од лесен метал, како и новите LED фарови и LED задни светла коишто се дел од сериската опрема во врвната верзија. За првпат во возилото: систем за стартување и затворање без клуч Keyless Access (накратко Kessy).

Мотор

Штедливо и комфорно

Новото Caddy по избор може да има погон на дизел, бензин или природен гас1. станува збор за мотори од следната развојна фаза, коишто веќе во 2020 ќе го исполнуваат стандардот за издувни гасови Euro 6 од 2021 година и интегрално се опремени со филтри за честички. Зависно од верзијата на погонот, потрошувачката на новото Caddy во споредба со претходникот може да се намали за до 12 проценти.

Модерни системи за помош на возачот

Автоматски поголем комфор

Со опционалните модерни системи за помош на возачот во новото Caddy може сосема опуштено да уживате во секое возење: благодарение на системот за помош при менување на коловозната лента, предупредувањето за сообраќај одзади, системот за помош за приколка и системот за помош при возењето со систем за итен случај, ќе патувате безбедно.

We Connect

Најудобно до сега: новата дигитална мобилност

Паметни основни функции, по желба во секое ново Caddy, услуги од We Connect, бројни дополнителни функции со We Connect Plus: за Вашиот влез во дигиталната мобилност да биде што е можно поедноставен и поудобен, ние скроивме три практични пакети со понуди за Вас. Кој од нив Ви одговара?

Самоуверениот Caddy

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team