Затвори мени
Start Video

Новиот Caddy Cargo

 

100% ново. А сè уште 100% Caddy.

Без разлика дали се работи за курирски услуги, трговија, служба за испорака или градежништво: Во Вашата работа секогаш имате преглед на иднината. Оваа цел ја следи и новото Caddy Cargo. Со нов, возбудлив дизајн, најмодерни системи за помош на возачот, иновативен инфо-забавен систем и ергономско работно место за возачот, новото Caddy Cargo е доверливо, флексибилно и напредно. Значи, тоа е совршениот партнер кога се работи за удобно и професионално совладување на Вашето работно секојдневие.

Комфорно, интелигентно, флексибилно

Внатрешен простор

Повеќе место за сè

Петтата генерација на сестраното возило ќе Ве воодушеви со нови решенија од високата технологија и значително повеќе место. Долгата верзија - Caddy Cargo Maxi - покрај лизгачка врата проширена за 140 mm, сега на пример нуди простор и за до две европски палети. Покрај тоа, новото Caddy Cargo се истакнува со метална задна крилна врата, посебно затворање на просторот за товарање, електрична помош за затворање на задната врата и на лизгачките врати и многу повеќе.

Дигитални прикази

Преглед на сè

Дисплејот на дигиталниот кокпит е јасно и контрастно обликуван и има дијагонала на екранот од 25,4 cm. Возачот може да избира помеѓу три различни конфигурации на екранот. Тоа се врши преку копчето View на новиот повеќефункциски управувач. Во првата конфигурација, во кружните инструменти интерактивно се прикажуваат мерач на број на вртежи и тахометар; на средината на екранот се појавува ниво кое може индивидуално да се избере - телефонскиот именик на паметниот телефон. Дигиталниот кокпит се соединува заедно со врвниот инфо-забавен систем како максимално ниво на проширување на Innovision кокпитот со многубројни дополнителни функции.

Работно место за возачот

Особено ергономско

За сите верзии на новото Caddy стојат на располагање нови и особено ергономски седишта: таканаречените AGR Ergo седишта (AGR = Здружение Акција за здрав грб). Тие се специјално создадени за деловни фреквентни возачи и оние кои одат на долги патувања. AGR седиштата можат повеќекратно да се постават: покрај поставувањето на должината и висината, тие нудат и индивидуално поставување на накосувањето на седиштата, како и четири начини на лумбална потпора. Покрај тоа, Caddy Cargo располага со седиште за совозачот кое може да се спушта со функција за масичка, приклучница од 230 волти, потпирачи за раце за возачот и совозачот, LED осветлување на внатрешниот простор и на просторот за товарање, и многу повеќе.

Мотор

Штедливо и комфорно

Новото Caddy Cargo по избор може да има погон на дизел, бензин или природен гас. Тоа се мотори од идното ниво на еволуцијата, кои веќе во 2020 година го исполнуваат стандардот за издувни гасови Euro 6 од 2021 година и се опремени со филтри за честички. Зависно од верзијата на погон, потрошувачката на новото Caddy во споредба со претходниот модел би можела да се намали и до 12 %.

Модерни системи за помош на возачот

Автоматски повеќе Комфор

Со опционалните модерни системи за помош на возачот, во новото Caddy Cargo можете сосема релаксирано да уживате во секое возење кон состанокот со клиентот или за време на испорака: Благодарение на системот за помош при промена на коловозна лента, предупредувањето за сообраќај одзади, системот за помош за приколка и системот за помош при возењето со систем за итен случај, ќе патувате безбедно.

Самоуверениот Caddy Cargo

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team