Заштита на страните¹

Ги набљудува страничните делови на возилото и визуелно и оптички предупредува при критични доближувања до тротоари, ѕидови или пешаци.

¹Посебна опрема по дополнителна цена

Систем за помош при маневрирање со приколка "Trailer Assist"¹

По успешно активирање, тркалата блокираат при сопирање на нестабилна подлога во поголемо интервално растојание и на тој начин создаваат клин за заглавување, којшто значително го намалува патот на сопирање. Така, возната безбедност видливо се зголемува.

¹Посебна опрема по дополнителна цена.

Систем за помош при излегување од паркинг место¹

Акустично Ве предупредува, доколку при паркирање со возење наназад се препознае критично приближување до друго возило. Доколку возачот не реагира, системот може со интервенирање врз сопирачките да ги спречи можните последици од незгодите.

¹Посебна опрема по дополнителна цена.

Систем за помош во управување при паркирање "Park Assist"¹

Го совладува паркирањето со повеќе маневрирања во попречни и надолжни места за паркирање. По поставување на степен за возење наназад, возилото самостојно го презема управувањето. Возачот повремено го притиска куплунгот, педалот за гас и за сопирање.

¹ Посебна опрема по дополнителна цена.

Систем за помош при одржување на коловозна лента "Lane Assist"¹ ²

При ненамерно напуштање на коловозната лента го управува возилото и истовремено го предупредува возачот со предупредувачки тон, како и со напомена на повеќефункцискиот индикатор.

¹ Посебна опрема по дополнителна цена.
² Во рамките на системските граници.

Систем за автоматско регулирање на растојанието ACC¹ ²

Автоматски ја прилагодува брзината кон возилото што вози пред Вас и притоа го одржува растојанието зададено од страна на возачот. Поради тоа, поставената брзина не се пречекорува. Веќе го содржи и системот за набљудување на околината "Front Assist".

¹ Посебна опрема по дополнителна цена.
² Во рамките на системските граници.

Систем за набљудување на околината "Front Assist" со City-функција за вонредно сопирање¹ ² ³

 

Со помош на својот радарски систем, тој при препознаени критични ситуации на растојание, помага да се скрати патот на запирање. Визуелно и акустично, како и со притискање на сопирачката, го предупредува возачот во препознаени ситуации на опасност.

¹ Посебна опрема по дополнителна цена.
² Во рамките на системските граници.
³ До 30 km/h.

Систем за помош при менување на коловозна лента "Side Assist"¹ ²

Ве предупредува преку индикатор во надворешниот ретровизор, штом при промената на коловозната лента се препознае возило коешто не се наоѓа во полето на видливост на сензорите.

¹ Посебна опрема по дополнителна цена.
² Во рамките на системските граници.

Систем за помош при страничен ветер¹

Тоа е дел од функцијата на електронската програма за стабилност и Ви помага при силен страничен ветер со автоматска интервенција на сопирање на тркалата.

¹ Само за затворени конструкции.

Електромеханички серво-управувач

Начинот на функционирање со активно одложување што зависи од брзината го подобрува чувството на централна поставеност и кај комерцијалните возила постигнува досега невидена прецизност при управувањето.

Сопирачка за повеќекратен судир

По судир го воведува процесот на сопирање, за во идеален случај да се избегнат последователни судири. По кусо одложување, возилото постепено се запира на брзина од 10 km/h, при што возачот во секое време може повторно да ја преземе контролата.

Во рамките на системските граници.

Електронска програма за стабилност

Електронската програма за стабилност препознава критични возни ситуации и целно го спречува возилото од отстапување. При послабо управување, електронската програма за стабилност го сопира задното тркало од внатрешната страна на кривината. Истовремено ја намалува и моќноста на моторот, сè додека возилото повторно не се стабилизира. При пресилно управување, електронската програма за стабилност спречува запирање како и интервенирање во системот за управување со моторот и менувачот преку сопирање на предното тркало на надворешната страна од кривината.

Во рамките на системските граници.

Close