Три висини и три должини на возилото

Со трите должини и висини на возилото, новиот Crafter нуди единствен начин на товарање и можности за индивидуални комбинации.

Ширина на отворање на лизгачката врата

Ширината на отворање на лизгачката врата од 1.311 mm овозможува комфорно товарање и растоварање во новиот Crafter - и тоа дури и кај Euro-палетите.

Најголема висина за товарање

Со задоволство се истакнува: заедно со предниот погон, новиот Crafter со своите  2.196 mm ја нуди најголемата висина на просторот за товарање во својата класа.

Вредноста важи за новиот Crafter камион со приколка со должина на меѓуосовинско растојание plus, супер-висок покрив и преден погон. 

Низок раб за товарање

Со нискиот раб за товарање од 100 mm, новиот Crafter убедува со својот преден погон поради особено лесното товарање и растоварање.

Волумен на просторот за товарање

Исто така, се обрнува внимание и на големината: поради тоа, во новиот Crafter - зависно од меѓуосовинското растојание - има место за од четири до шест Euro-палети. Со меѓуосовинско растојание со средна должина и волумен на просторот за товарање од околу 9,9 m³ до 11,3 m³¹, новиот Crafter нуди место за четири Euro-палети, со долгото меѓуосовинско растојание и волумен на просторот за товарање од околу 14,4 m³ до 16,1 m³² за шест Euro-палети: исто како и за Crafter со долго меѓуосовинско растојание plus и волумен на просторот за товарање од околу 16,4 m³ до 18,4 m³².

1 Вредноста важи за нормален и висок покрив.
2 Вредноста важи за висок и супер-висок покрив

Фабрички универзален под и подготовки за вградувања

Фабрички универзален под за вградувања на системи за шкафови.¹
Подот од дрво е идеалната подготовка за вградување на системи за шкафови од различни производители. Специјалните адаптери во струганите делови во подната облога овозможуваат флексибилна монтажа и демонтажа на конструкции на шкафови.

Подготовка на страната на каросеријата за вградување полици.
Многубројните шестострани дупки за M6-навртувања над и под делот за прозорците ја олеснуваат монтажата на полиците и шкафовите. Хоризонталното растојание меѓу дупките изнесува 100 mm.

¹ Посебна опрема по дополнителна цена.

Обезбедување на товарот

Сеедно што треба да се транспортира во новиот Crafter камион со приколка - со  14 окца за прицврстување во подот, шини за прицврстување на сите ѕидови¹ како и со кровен носач во внатрешниот простор¹, тој го носи речиси секој товар сигурно до целта.

¹ Посебна опрема по дополнителна цена.

Close