Единечна/Двојна кабина

За секого постои оптимално решение за места за седење: во новиот Crafter со единечна кабина има место за до тројца колеги, во двојната кабина за до седуммина - четири од нив се на задната клупа. Доколку се спушти задната клупа, се отвора дополнителен простор за складирање на алат, материјали и др.

Конфигурација на седишта

Уште од сериската опрема, двојната кабина нуди двојна клупа за совозачите напред и една голема клупа одзади со четири места за седење. На тој начин, новиот Crafter камион со приколка нуди до седум места за седење.

Обезбедување на товарот

Осумте окца за прицврстување, кутијата за складирање¹ на приколката што може да се заклучува, преградата за алат под клупата со четири места за седење како и носачот за скала¹ се грижат за тоа, на површината за товарање сè да биде на своето место.

¹ Посебна опрема по дополнителна цена

Close