TDI-мотори

Ново развиените TDI-мотори ги исполнуваат високите барања за моќност. Дури и кај екстремните возни профили, како што е возењето за достава, се постигнуваат висока километража, ефикасност и оперативна безбедност. Сите мотори убедуваат со својата ниска потрошувачка на гориво.

 

Новиот Crafter е достапен во следните комбинации на мотор и погон: како 2,0 литарски TDI-мотор (75 kW/102 КС, 300 Nm) со преден погон, како 2,0 литарски TDI-мотор (90 kW/122 КС, 300 Nm)¹ со заден погон, како 2,0 литарски TDI-мотор (103 kW/140 КС, 340 Nm) со преден, заден погон и погон на сите тркала 4MOTION и како 2,0 литарски TDI-мотор (130 kW/177 КС, 410 Nm) со преден, заден погон и погон на сите тркала 4MOTION.

¹ Ќе се воведе во иднина.

Преден погон

Навистина може нешто да се стави: благодарение на попречно вградениот мотор, новиот Crafter со преден погон ја достигнува најголемата висина на товарање и најголемиот волумен на просторот за товарање во својата класа.

Заден погон

Онаму каде другите веќе ги достигнуваат своите граници, тој може уште повеќе: варијантата со заден погон го совладува големото оптоварување на приколката, а  и при целосна натовареност убедува со најдобра тракција.

Погон на сите тркала 4MOTION

Издржлив и во екстремни ситуации: било да се калливи градилишта, нестабилни шумски патишта или екстремни нагорнини - во варијантата со погон на сите тркала 4MOTION, новиот Crafter на секаков терен убедува со стабилната тракција и  најдобрата стабилност.

Ќе се воведе во иднина.

Автоматик со 8 степени за идеално менување степени

Автоматскиот менувач со 8 степени¹ е специјално прилагоден на возните перформанси на новиот Crafter и Ви овозможува комфорен и штедлив начин на возење дури и во градски Start-Stopp сообраќај при достава. Како единствен во својата класа, автоматскиот менувач со 8 степени може да се комбинира со преден, заден погон и со погон на сите тркала 4MOTION.²

¹ Посебна опрема по дополнителна цена.
² Ќе се воведе во иднина.

Close