Флексибилен како никогаш досега – новите конфигурации на седишта
Со децении Multivan ги воодушевува семејствата, спортистите во слободно време и вработените. Особено омилен: неговиот простор за патници осмислен до најситниот детаљ. Во новиот Multivan неговата разновидност, флексибилност и функционалност беа издигнати на уште повисоко ниво. Целосно рамниот под ја создава идеалната подлога за единечните седишта коишто за првпат се дел од сериската опрема. Заедно со цврстите средишни шини што досегаат до кокпитот се отвораат комбинации за седење за кои досега можевте само да сонувате.
Патувајте опуштено во насока на возењето
5 Sitze
5 Sitze mit Überhang
7 Sitze
7 Sitze mit Überhang
5 Sitze
5 Sitze mit Überhang
7 Sitze
7 Sitze mit Überhang
Линијата на опрема на Multivan е сериски опремена со пет удобни единечни седишта. Во Life и Style има вкупно седум места за седење. Секое седиште во просторот за патници може поединечно да се склопи, да се помести во дефинирана област и благодарение на неговата тежина што е намалена за околу 25 % и лесно да се извади. На тој начин се овозможуваат многубројни варијанти за седење. На пример, можете да создадете дополнителен простор за багаж, така што ќе ги турнете седиштата од третиот ред кон напред. Ако го порачате новиот Multivan со сериската конфигурација на седишта, затегнувачите на појасите на надворешните единечни седишта се секогаш цврсто поврзани со каросеријата. Средишното седиште располага со интегриран автоматски сигурносен појас со три точки и може по желба да се поместува во просторот за патници.
- Тежина на надворешно седиште (зависно од опремата): околу 23-29 kg
- Тежина на средишно седиште (зависно од опремата): околу 27-29 kg
Vis-à-vis1 – совршен за работа и за деца
Vis-á-vis1
Vis-á-vis1 mit Überhang
Vis-á-vis1
Vis-á-vis1 mit Überhang
Новиот Multivan може по желба да се нарача со две седишта со интегриран појас1 за вториот ред на седишта. На тој начин се добиваат многу дополнителни можности за седење, меѓу другото и седењето vis-à-vis. Двете седишта со интегриран појас1 може да се извадат, завртат и да се фиксираат наспроти насоката на возење во системот на шини, само со неколку зафати со рака. Токму при долгите патувања на одмор или во мобилната канцеларија тој има многу предности. Децата можат заедно да си играат. А состанокот со колегите се одржува на отворената повеќефункциска масичка1. Токму онака како што сте навикнати во Multivan.
- Тежина на надворешно седиште (зависно од опремата): околу 23-29 kg
- Тежина на седиште со интегриран појас (зависно од опремата): околу 27-29 kg
Должина, висина, ширина – димензиите на новиот Multivan2
* Вредноста важи кај Multivan со надвиснување
Multivan, Life, Style и EnergeticMultivan, Life, Style и Energetic со надвиснување | Multivan, Life, Style и EnergeticMultivan, Life, Style и Energetic со надвиснување | |
---|---|---|
Должина на возилото во mm | 4.973 | 5.173 |
Должина на возилото со спојка за приколка во mm | 5.076 | 5.276 |
Ширина на возилото без надворешни ретровизори во mm | 1.941 | 1.941 |
Ширина на возилото со надворешни ретровизори во mm | 2.252 | 2.252 |
Висина на возилото во mm | 1.907³ | 1.907³ |
Должина на надвиснување назад во in mm | 897 | 1.097 |
Висина на внатрешен простор со нормален кров во mm | 1.312 | 1.312 |
Висина на внатрешен простор со панорамски стаклен кров во mm | 1.346 | 1.346 |
Ширина при отворање на лизгачката врата во mm | 931⁴ | 931⁴ |
Должина на под во багажен простор зад 1. ред седишта во mm | 2.425 | 2.625 |
Должина на под во багажен простор зад 3. ред седишта во mm | 461 | 661 |
Maximale Gepäckraumbreite in mmМаксимална ширина на багажниот простор во in mm | 1.665 | 1.665 |
Максимална ширина на багажниот простор зад 3. ред седишта во mm | 1.245 | 1.245 |
Ширина помеѓу куќиштата за тркала во mm | 1.207 | 1.207 |
Површина на просторот за товарање зад 1. ред седишта во m | 3,3 | 3,5 |
Висина на раб за товарање во mm | 580 | 583 |
Максимална ширина на задниот отвор во mm | 1.312 | 1.312 |
Висина на возилото со отворена задна врата во mm | 2.143 | 2.146 |
Минимален круг на вртење во m околу | ca. 12,1 | ca. 12,1 |
Новата разновидност на погони – од eHybrid до Diesel5
Новиот Multivan доаѓа со една досега невидена разновидност на погони. Покрај уште поефикасните TSI и TDI5 мотори, за првпат е достапен и eHybrid. Комбинацијата на моќниот турбо бензинец со електромотор без емисии ви ја дава слободата да поминете до 50 километри со чисто електрично возење. На долги патеки системот автоматски дополнително го вклучува TSI моторот - и со тоа го зголемува досегот.
Уште веднаш новиот Multivan е достапен со Plug-in хибриден погон1. Со него ќе возите во електричен режим локално низ градот и без емисии на CO2. Притоа досегот, благодарение на 10,4 kWh (нето капацитет) големата литиумско-јонска батерија, е конципиран на тој начин, што можете со чисто електрично возење да поминете до 50 километри6. Доколку за време на патувањето не можете да најдете слободни столбови за полнење, тоа воопшто не е проблем. На долги патеки, моторот на согорување автоматски ја презема функцијата на генератор. Потоа, во домашни услови, батеријата најдобро се полни со 100% одржлива економична струја преку ID. Charger7. За да можете следниот ден повторно да го започнете електрично.
1,4 l TSI eHybrid (160 kW) EU6d: Менувач со двојна спојка со 6 степени на пренос DSG; Shift-by-Wire; моќност (систем): 160 kW (218 КС); макс. вртежен момент (систем): 350 Nm; забрзување 0-100 km/h: 11,6 s; максимална брзина: 190 km/h; максимално оптоварување на приколка: 1600 kg; големина на резервоар: 45 l; капацитет на батерија (нето): 10,4 kWh; досег (чисто електричен): 50 km6; моќност (E-мотор): 85 kW; време на полнење при 3,6 kW AC (0-100 %): 3,6 часа
Двата TSI мотори се одликуваат со бесшумно возење, мала потрошувачка и импресивен развој на моќноста. Токму она што го очекувате од возило на Premium ниво.
1,5 l TSI мотор (100 kW) EU6d: Менувач со двојна спојка со 7 степени на пренос DSG; Shift-by-Wire; моќност: 100 kW (136 КС); макс. вртежен момент: 220 Nm; забрзување 0-100 km/h: 13,5 s; максимална брзина: 182 km/h; максимално оптоварување на приколка: 1600 kg; големина на резервоар: 60 l
2,0 l TSI мотор (150 kW) EU6d: Менувач со двојна спојка со 7 степени на пренос DSG; Shift-by-Wire; моќност: 150 kW (204 КС); макс. вртежен момент: 320 Nm; забрзување 0-100 km/h: 9,4 s; максимална брзина: 200 km/h; максимално оптоварување на приколка: 2000 kg; големина на резервоар: 60 l
Сега уште поефикасен и со помалку емисии: Современиот TDI погон5 убедува со своите ниски вредности на потрошувачка, коишто делуваат речиси недостижни - како и со очигледниот вртежен момент.
2,0 l TDI (110 kW) EU6: Менувач со двојна спојка со 7 степени на пренос DSG; Shift-by-Wire; моќност: 110 kW (150 КС); макс. вртежен момент: 360 Nm; забрзување 0-100 km/h: 11,6 s; максимална брзина: 190 km/h; максимално оптоварување на приколка: 2000 kg; големина на резервоар: 58 l