Мени
Затвори мени

Добре дојдовте во новиот свет

Новиот Multivan е премин во едно ново време. Време во кое се прави обид да се спојат потребите на постарите и желбите на поновите генерации. Поради тоа, новиот "Bulli" сега има уште помалку емисии и е поурбан, повеќе дигитален и повеќе вмрежен и поквалитетен и покомфорен. Истовремено, тој останува функционален и сестран како и досега. Тука модерната премиум опрема се спојува со квалитетите на едно сестрано возило, на кои сме навикнати. Уверете се и самите и откријте го новиот Multivan.

Уживајте во новата слобода

Plug-in-хибрид
Погонот како алтернатива

Ќе се повозите низ град на чисто електричен погон? Со новиот Multivan eHybrid⁠ сега тоа е возможно. Кога е целосно наполнет, со него може да извозите многу секојдневни растојанија со чисто електричен погон. Така можете на пример во урбаниот простор често да патувате локално и без емисии на CO2. Освен тоа, ќе уживате во сосема новото доживување при возењето и ќе покажете дека ви е важна иднината на помладите генерации.

Повеќе за новиот Multivan Energetic

Повеќефункциска маса2
Средишната конзола се претвора во центар на случувањата

Новиот Multivan нуди уште поголема слобода - во која уживаме и на повеќефункциската маса2 во внатрешниот простор. Новоразвиената маса не само што може да ја менува позицијата, туку и формата. Таа може склопена да се помести преку шините до измеѓу предните седишта и да се користи како средишна конзола со прегради за сместување и држачи за пијалаци.

Систем на поединечни седишта
Слобода во внатрешниот простор

Една од поголемите, нови придобивки во новиот Multivan се поединечните седишта во задниот дел што се склопуваат и лесно се вадат. Без разлика дали ќе се одлучите за седишта во насока на возењето или седишта свртени едно кон друго3. И со двете варијанти може уште поедноставно да се реализираат различните распореди на седиштата. Уште една атракција: За првпат може да се загреваат надворешните седишта4 - па така и на децата ќе им биде пријатно топло во ладните зимски денови.

Доживејте ги новите амбиенти

Панорамски стаклен покрив5
Покривот се претвора во небо

Израдувајте му се на првиот стаклен панорамски покрив5 што воопшто бил вграден во еден Multivan. Дводелниот панорамски стаклен покрив нуди поглед кон небото, внатрешен простор облеан во светлина и уште посилно чувство на просторност. Истовремено, специјален "LowE" слој го намалува зрачењето топлина - и го крева премиум комфорот типичен за Multivan на едно ново ниво.

Повеќе за новиот Multivan Style

Премиум ниво
Комфорот се претвора во прва класа

Толку паметен, вмрежен и комфорен Multivan не бил никогаш порано. Слободно лебдечката инструментна табла со дигиталните дисплеи делува прегледно и првокласно. Веќе сериски во возилото се повеќефункцискиот кожен управувач со прекинувачи за пренос, дигиталниот кокпит и инфо-забавен систем со екран на допир од 25,4 cm. По желба, сега се достапни и ергономски ErgoComfort седишта со 18 позиции и премиум музички систем од Harman Kardon со 14 моќни звучници.

Висококвалитетни материјали
Задниот дел се претвора во конференциски простор

Внатрешноста на новиот Multivan е така оформена, што во неа ќе се чувствувате постојано пријатно. Елегантните двобојни навлаки од кожа "Savona"6 ја следат бојата на страничните облоги и се во хармонија со луксузните декоративни облоги "Dark Woodgrain Optic"7. Во задниот дел, седиштата се опремени со USB C приклучоци8. А, повеќебојното амбиентално осветлување9 Ви овозможува самите да одредите во кои бои би сакале да свети внатрешниот простор.

Откријте ги новите можности

Компактна димензија
Движењето се претвора во динамика

Ќе се повозите низ град на чисто електричен погон? Со новиот Multivan eHybrid⁠ сега тоа е возможно. Кога е целосно наполнет, со него може да извозите многу секојдневни растојанија со чисто електричен погон. Така можете на пример во урбаниот простор често да патувате локално и без емисии на CO2. Освен тоа, ќе уживате во сосема новото доживување при возењето и ќе покажете дека ви е важна иднината на помладите генерации.

Повеќе за новиот Multivan

„Keyless Advanced“2 и „Easy Open“10
Раката се претвора во нога

Секој нов Multivan сега сериски е опремен со две лизгачки врати. И влегувањето и излегувањето е оптимизирано. Во комбинација со системот за стартување и затворање без клуч "Keyless Advanced"2 вратите автоматски се отклучуваат штом се приближите. А со Easy Open функцијата10 може да ги отворате и затворате лизгачките врати и задната врата и со управување преку гестови. Слободно оставете ги Вашите раце в џеб. Доволно е само кратко движење со ногата под сензорот и вратите се отвораат или затвораат.

Разновидност на прегради
Воодушевувачки широкиот простор се претвора во талент за организираност

Уште една врвна карактеристика поврзана со комфорот во внатрешноста се бројните прегради. Во просторот за возачот, на вратите, под седиштата или на склопената повеќефункциска маса2: Новиот Multivan нуди доволно простор за безбедно и уредно да сместувате предмети како таблети, играчки, ќебиња, шишиња со пијалак и чаши за кафе. За вашиот паметен телефон, во контролната табла е резервирана дополнителна преграда, којашто по желба може да се претвори во индукциска станица за полнење2.

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team