Volkswagen Transporter Т6 ја освои наградата „International Van of the Year“ за 2016 година

2016-03-15

Најновата верзија до најпродаваниот модел произведен во Хановер, Transporter Т6, беше прогласен за најдобар интернационален "VAN"- најдобро комерцијално возило во класата за 2016 година 

Наградата на Transporter Т6 му ја додели жирито во кое членуваат новинари од цела Европа, а статуетката беше доделена на саемот во Лион, Франција 

Жирито составено од новинари од 24 европски земји кои се специјализирани во областа на комерцијалните возила, одлучија дека Transporter Т6 на Volkswagen е најдобар во својата класа и му ја доделија наградата " International Van of the Year" за 2016 година. Станува збор за шеста генерација на моделот кој третпат во својата историја ја добива оваа престижна награда. Статуетката ја прими извршниот директор на секторот за комерцијални возила на Volkswagen, Екхарт Шолц. 

- Ова е големо признание за нашето Т семејство. Воедно е и достигнување за нашиот тим кој со имплементирање на вистинските чекори го направи возилото од Хановер најдобриот Транспортер до сега. Почестени сме што го добиваме ова признание и го гледаме како сигнал и мотивација за успешен старт на 2016 година која ќе биде полна со предизвици - изјави господинот Шолц. 

Т6 го одликува остар и прецизен дизајн, повеќе простор и намалена потрошувачка на гориво. На располагање се и повеќе нови системи за помош на возачот како на пример Dynamic Cruise Control со кој возилото може да се адаптира на три начини на возење - комфорно, нормално и спортски, како и системите Adaptive Cruise Control, Front Assist, Automatic Post Collision Braking System, Driver Alert System како и Park Pilot. Додека новиот забавно информативен систем сите уреди ги поврзува преку Bluetooth со цел да му овозможи на возачот безбедно користење на уредите. 

Transporter од 1950 година поставува нови и повисоки стандарди во поглед на дизајнот, економичноста и функционалноста. Набрзо по светската премиера, T6 пристигна и во Македонија благодарение на импортерот "Порше Македонија" кој во соработка со Порше Лизинг уште од самото претставување на пазарот до крајот на 2015 година, овозможи атрактивен лизинг аранжман со 5,5% каматна стапка и 15% учество.