Македонските компании добија нови сојузници во бизнисот - Volkswagen Caddy 4 и T6

2015-09-10
Голем, совршено направен и едноставен за возење е „пресудата“ за новиот Caddy 4 додека T6 е опишан како возило збогатено со нова технологија и кое располага со повеќе простор за складирање

Попрецизен дизајн, повеќе простор, намалена потрошувачка на гориво и емисија на издувни гасови се перформансите кои им се заеднички на двете нови комерцијални возила Caddy 4 и T6 на најголемиот производител на автомобили во Европа, Volkswagen. Моделите кои се окарактеризирани како моќни, безбедни и дизајнерски унапредени денес (среда, 9 септември) беа промовирани во салонот Volkswagen на генералниот дистрибутер на овој бренд во нашата земја, "Порше Македонија". Голем, совршено направен и добар за возење е "пресудата" за новиот Caddy 4 додека T6 е опишан како возило збогатено со нова технологија и кое располага со повеќе простор за складирање.

Volkwagen ја претстави четвртата генерација од исклучително популарниот Caddy кој од денес може да се најде и во Македонија. Претходникот на овој модел се продаде во рекордни 1,5 милиони примероци во тек на 11-те години на производство. Но новиот Caddy 4 планира да го надмине овој импозантен резултат благодарение на подобрените перформанси и потрошувачката од помалку од 4 литри гориво на 100 поминати километри поради што е пријател на буџетот на секое претпријатие кое ќе се користи.

На располагање се и системи кои имаат за цел да го направат возењето побезбедно и покомфорно, а еден од нив е Front Assist - систем кој го намалува ризикот од удар напред. Во просек 22 отсто од сообраќајните незгоди каде има повредени се случуваат поради судир со повеќе од една пречка поради што тимот на Volkswagen има поставено и наградуван систем за сопирање кој го спречува ова црно сценарио.

Со негова помош, по судар возилото веднаш запира доколку возачот не е во можност да го направи тоа и на тој начин се избегнува посериозен развој на настаните. На располагање е и City Emergency Braking кој се вклучува доколку возачот не забележи некоја пречка движејќи се со брзина од под 30 километри на час по што се активираат сопирачките.

Друга расположлива опција е и Driver Alert кој регистрира промени во нормалното однесување и му препорачува на возачот да се одмори. Вграден е и Adaptive Cruise Control кој го регистрира движењето на возилата напред и може да го забави движењето на Caddy 4 или целосно да го запре кога е потребно како, на пример, во сообраќајни метежи.

Комерцијалните возилата од серијата Т на Volkswagen се сметаат за стандард во дизајнот во својата класа, а секоја следна генерација е помодерна и подобрена од претходната. Таков е случајот и со T6 кој нуди повеќе комфорт, подобра динамика на возење во комбинација со економичност во потрошувачката на гориво.

Покрај прецизниот надворешен изглед, ентериерот е изработен според највисоките стандарди, но притоа следејќи ги правилата на практичноста. Вградени се голем број на прегради за складирање во кои има место за сè - од мобилен телефон до таблет, чаша за кафе или документи. На располагање се и повеќе системи како Dynamic Cruise Control со кој возилото може да се адаптира на три начини на возење - комфорно, нормално и спортски.

Вpградени се и Adaptive Cruise Control, Front Assist, Automatic Post-Collision Braking System, Driver Alert System како и ParkPilot кој има за цел да помогне при паркирањето на T6. Сите уреди се со Bluetooth hands-free системот за да му се овозможи на возачот безбедно да ги користи додека загреаните седишта и климатроничниот систем секогаш носат пријатни температури во возилото.