Среќен роденден, Bulli!

2015-04-01

Среќен роденден, Bulli!

 Производство на ова култно возило започна пред 65 години • Од неуморен работник до легенда • Скицата направена со молив на парче хартија е основа за успешната приказна • Во светски рамки продадени се вкупно 11 милиони возила од серијата T Некои се пензионираат на возраст од 65, но овој модел само што започна со својата работа! Приказната за популарниот Були трае и трае и трае ... Производството на првиот Transporter од брендот Volkswagen комерцијални возила започна пред 65 години. Во првите години, ова популарно возило се изработуваше во Волфсбург, се до 1956 година кога стартуваше производството во градот Хановер. Денес се одбележува почетокот на една единствена автомобилска љубовна приказна. Благодарение на првиот модел денес целата серијата Т стекна култен статус. Без разлика дали станува збор за хипик или трговец - сите возат возила од семејството Т. Се започна во 1947 година кога холандскиот увозник на автомобили Бен Пон забележа едно возило со кревет во фабриката на Volkswagen, и со молив ја направи основната скица со облик на првиот Transporter кој секако има ист ДНК код како и популарната Буба. Д-р Екхард Шолц, претседател на управниот одбор на брендот Volkswagen Комерцијални возила изјави "Лансирањето на Т1 го означи почетокот на една долга успешна приказна која трае до ден денес. Во минатото, како и денес, побарувачката на пазарот за нашите возила е голема. Ние истите ги испорачуваме со врвен квалитет и прилагодени за секакви потреби на клиентите, без разлика дали имаат потреба од возило за занаетчиски работи, трговија на мало или големо, услужна дејност, за бизнис патувања или за патувања со целото семејството" Порше Македонија во соработка со Порше Лизинг токму на роденденот на моделот Transporter овозможуваат поволни услови за своите клиенти без разлика дали ќе се одлучат за Transporter, Crafter или Caddy со 5.5% каматна стапка и 15% учество, оваа акција трае до 31 март 2015 година.