Volkswagen Tristar: Светска премиера на специjализираниот саем за комерциjални

2015-10-07

Volkswagen Tristar: Светска премиера на специjализираниот саем за комерциjални возила

 

  • Концептот се базира на актуелниот Transporter, а во исто време нуди поглед кон идните генерации на моделот 
  • 20-инчен дисплеј, систем за видео конференција и еспресо машина

Мултифункционален како швајцарски војнички нож. Повеќенаменски, доверлив и прилагодлив на сите терени:брендот Volkswagen - Комерцијални возила го претставува TriStar по повод 30-годишнината од првиот Syncro концепт. Моделот ги комбинира сите добри карактеристики на сегашниот Transporter со екстремни off-road способности и со флексибилниот товарен простор кој го прави Tristar одлично сервисно возило, за транспорт по ваша мерка. 
Transporter на иднината. На специјализираниот саем за комерцијални возила, брендот  Volkswagen Комерцијални возила го претставува концепт возило со 
легендарно име TriStar. Мускулест пикап со проширена кабината, стилски бар и кратко меѓуоскино растојание со постојан погон на сите четири тркала, механичка блокада на диференцијалот на задната оска и со поголемо растојание од подлогата за 30 мм. Соодветно на неговото име, дизајнерите креираа возило со висока прецизност и со нов дизајнерски израз: остри завршни линии, LED светла и моќен и широк изглед. Контролната табла потсетува во формата и едноставната функционалност на претходните модели на Volkswagen Transporter. 
Товарот може да се дистрибуира на две одделни нивоа: подлогата е обложена со церада која е водоотпорна, а во товарниот простор е сместено и резервното тркало. Во внатрешноста има 20-инчна инструмент табла и систем за видео конференции направен според последниот збор на техниката како и аудио систем прилагодлив за возачот и за патниците совршен за состаноци во движење. Дури во возилото има инсталирана еспресо машина. 
Со своите екстремни off-road карактеристики и флексибилен товарен простор Tristar е мобилна работилница и хај-тек канцеларија  Безбеден, високо квалитетен и флексибилен, новиот Volkswagen Tristar е хармонична алатка за секој корисник. Без разлика дали сте архитект, градежник, филмски режисер, трговец или учесник на експедиција. Возилото е по ваша мерка. 

Карактер: 
Transporter од иднината, специјалист за сите патишта. 
Најдобар за вашиот бизнис 
 
Димензии: 
Должина 4,788 mm; ширина 2.320 мм; висина 2066 мм; 
(30 mm дополнително зголемено растојание од подлогата 

Погонски систем: 
Постојан погон на сите тркала 4MOTION, механичка блокада на диференцијалот на задната оска
Алуминиумски тркала "Rocadura" со димензии 245/70 R17 

Мотори 
2,0 l TDI 150 kW, 450 Nm 
150 kW при 4000 вртежи во минута 
450 Nm при 1400 вртежи во минута
7-степен DSG автоматски менувач
Максимална брзина 185 km / h 
Забрзува од 0 до 80 km/h за 6,7 секунди  
од 0 до 100 km/h за 10 секунди