Десет години на модел California од Хановер

2015-10-02

• Брендот Volkswagen Комерцијални возила произведе 50 000 возила California T5 
• Производителот одбележува една деценија од camper комбињата

На овогодинешниот саем на каравани во Дизелдорф брендот Volkswagen  Комерцијални возила ја претстави целата гама на Фургони и рекреативни возила. Најзначајно беше претставувањето на California Т5, модел од кој Volkswagen  Комерцијални возила неодамна произведе 50 000 возила - California е ненадминливо успешна приказна на камперски ван од 1988 година. 
Caddy, T5 и Амарок - трите возила со различни концепти, кои одделно ги задоволуваат индивидуалните потреби и желби на клиентите. Од една страна како средство за транспорт на спортска опрема од друга страна место за преспивање на неколку недели, како "хотел" на тркала. 
Брендот Volkswagen - Комерцијални возила преку  Caddy Tramper, Multivan Highline, California Comfortline, California beach, California Generation и Amarok Canyon покажа што се има да понуди. Моделот California ја започна успешната приказна во 1988 година. Следејќи го долгогодишниот успех на Joker, Volkswagen одлучи да придонесе во кратењето на трошоците да направи сопствен модел. Резултатот беше рекреативно возило со елементи од левата страна, кујна и кабина за спиење на првиот кат со помош на "pop-up" покривот. 
Додека првите две генерации на California  излегуваа од производните ленти  кои не беа во главната фабриката, од 2004 година па наваму California 
T5 е целосен производ на Volkswagen. Веќе десет години најуспешното рекреативно возило во својата класа со гордост го носи знакот на квалитет -  "Произведено во Хановер". Т5 возилата првично се прават во главна фабрика "Штокен" во Хановер, а потоа во погонот Limmer се дополнуваат со кровна конструкција, кујнски елементи, седишта и други делови.  Јубилејното возило е California со Comfortline ниво на опрема во природно сива боја со 7-степен 
DSG автоматски менувач и TDI мотор со 103 kW и BlueMotion технологија.