Пристигна новиот Amarok во Порше Македонија

2017-07-31

  • Нов V6 мотор за прв пат достапен кај новиот Amarok, со моќност од 150kW/204 KS
  • Новиот Amarok, е веднаш достапен со Trendline, Comfortline и Highline ниво на опрема.
  • Amarok со новиот V6 мотор од 150kW достапен е со ниво на опрема Comfortline и Highline, V6 моторот од 120kW достапен е со ниво на опрема Trendline и Comfortline, додека моторот 165kW достапен е само со ниво на опрема Highline
  • Amarok е единствениот пикап во неговиот сегмент со 3.0 V6 турбодизел мотор. 

Новиот Amarok ја доживеа својата премиера во Hannover. Втората фаза на V6 моторот, е исто така за прв пат промовирана во седиштето на производителот. Многу брзо по светската премиера моделот пристигна и во Македонија. Шест-цилиндричниот мотор со 150kW или 204КС, е достапен во Comfortline и Highline нивото на опрема, во комбинација со 8 степен автоматски менувач и 4MOTION перманентен пренос на сите тркала или со 6 брзинскиот мануелен менувач и 4MOTION селективен пренос на сите тркала.

Самоуверен и робустен, новиот Amarok зрачи со талент и прецизност кои сигурно ќе ги возбудат купувачите на традиционалниот SUV сегмент. За прв пат во Европа, V6 турбо моторот кај новиот Amarok го задоволува Еуро6 стандардот. Моторот со 150kW и 204КС TDI дизел мотор, кој нуди максимален вртежен момент од 500Nm, е достапен во Порше Македонија. Овој мотор претставува средна варијанта од вкупно трите варијанти на новиот V6 мотор кои се исто така достапни.

На врвот на понудата се наоѓа моторот со 224 КС, кој во комбинација со 8 брзинскиот автоматски менувач и 4MOTION перманентен пренос на сите тркала е достапен само со Highline нивото на опрема.

Pick-up варијантата е идеална за на асфалт, но и надвор од него. Развивајќи 550 Nm и 165kW или 224КС, достигнува максимална брзина од 193 km/h и забрзување од 0 до 100 km за 7,9 секунди, Amarok е единствениот pick-up од В сегментот кој е опремен со V6 мотор.