Рекордно производство за комерцијалните возила на Volkswagen

2018-02-28

Рекордно производство за комерцијалните возила на Volkswagen

 Д-р Јозеф Баумерт, член на Одборот за управување со одговорност за производство и логистика: "Повторното зголемување на производството укажува на високо ефикасни производствени погони и мотивирани вработени".

Volkswagen комерцијални возила произведe околу 495.000 возила во 2017 година, со што се поставува нов рекорд. Во споредба со претходната најдобра година која беше 2016, брендот успеа да го зголеми бројот на произведени возила за околу 3,8 отсто. Значително зголемување во производствените капацитети е регистриран кај Т-серијата и Caddy, а исто така и од страна на Amarok pick-up.

Д-р Јозеф Баумерт, член на управниот одбор на Фолксваген Комерцијални возила одговорен за производство и логистика: "Бројката од околу 495.000 произведени возила и севкупното зголемување на обемот на производството, укажуваат на високо ефикасни погони и мотивирани вработени низ целиот свет. Трансформацијата и тесната интеграција, дополнително подобрените работни услови за нашата работна сила и зголемената автоматизација видливо го зголемуваат производството и логистиката на ново ниво. Баумерт истакна дека новиот рекорд беше, исто така, резултат на постојано оптимизирани производствени процеси на сите VWCV локации за производство. Фабриката Września неодамна беше крунисана со "Фабрика на годината" во Полска во 2017 година.

Развојот на понатамошни производни погони како дел од стратегијата за интернационализација напредуваше добро, истакна тој. По производството Caddy во Алжир, производството на Amarok неодамна започна со локален партнер во Еквадор. Преговорите беа на агендата за 2018 година со партнери во други земји.

"И покрај зголеменото ниво на производство, влијанието врз животната средина од производството на возила беше намалено во периодот од 2010 до крајот на јуни 2017 година за речиси 45 проценти", додаде Баумер.