Избор на читателите: Volkswagen Амарок ја доби наградата Пикап на Годината 2018

2018-06-18

-        Амарок победи на категоријата во теренските возила на Година веќе по шести пат од 2011 година

Volkswagen Amarok најдобар SUV пикап на годината. Читателите на списанието OFF ROAD гласаа: Amarok ја доби наградата "Reader 2018" - која ја доделуваат читателите на Amarok по шести пат по ред од 2011 година.

 

Околу 20 проценти од читателите го доделија својот глас за пикапот на Volkswagen со стандарден 3.0l V6 TDI, произведен во Хановер и Аргентина.  Amarok ги импресионираше читателите со неговата одлична способност за совладување на сите терени, благодарение на одличниот погон на сите тркала, издржливоста во извршувањето на работните задачи и практичноста.

Наградите од страна на читателите беа доделени на раководителот за управување со производи на Volkswagen Комерцијални возила - Клаус Дуфел и Марко Хеддрам - Технички проектен менаџер на Amarok.

Церемонијата на доделување на наградите во 2018 година се одржа во Минхен. Гласањето се одвива во 13 категории. Главниот двигател на новиот Amarok, 3.0 V6 TDI мотор со 190/200 KW со вртежен момент од 580 nm беше главната причина за добивање на мнозинството од гласовите според читателите. Оваа моќност единствено е достапна со Amarok во неговиот сегмент и е достапен во повеќе варијанти на опрема.

За брендот Volkswagenкомерцијални возила:

Volkswagen Комерцијални возила (VWN), како независен бренд во групата Volkswagen, е одговорна во целиот свет за развој, изградба и продажба на лесни комерцијални возила и ги произведува транспортерите, Caddy, Crafter и Amarok сериите. Во дијалог со своите клиенти, VWN развива соодветни концепти за возила, телематика и логистички решенија за ресурсно-ефикасно користење на ресурсите со најголема можна ефикасност. Во 2017 година, брендот испорачал околу 498.000 лесни комерцијални возила, кои биле произведени во Хановер (D), Познан (PL), Września (PL) и Pacheco (ARG). VWN вработува повеќе од 21.000 луѓе ширум светот.