Grand California – Почеток на нова димензија

2018-09-12

• Campervan основан на Volkswagen Crafter

• Нов модел во класата со простор за спиење и

тоалет

Volkswagen Комерцијални возила го извршија официјалното претставување на новиот камперван Grand California во Дизелдорф. Комплетно новиот подвижен дом е претставен како ултра модерен Crafter. Со Grand California, Volkswagen Комерцијални возила ја зголемуваат својата понуда на кампервани додавајќи го моделот во класата до шест метри. Вклучувајќи и голем простор за спиење во задниот дел, Grand California ќе боде достапен и со детски кревет на спрат. Лансирањето на новиот камперван на пазарите ќе биде во 2019 година.

Првично претставен во 1988 година, камперванот основан на Bulli - California, е светски најуспешен камперван со продажба од над 160,000 возила. Volkswagen Комерцијални возила го преточија своето долгогодишно искуство во создавањето на Grand California на техничката платформа на Crafter.

Со новиот и комплетно осмислен ентериер во кој се рефлектираат квалитетите кои го направија California толку успешен. Боите во кабината создаваат светела, просторна атмосфера со големи стаклени површини во кровот на возилото над просторот за спиење и просторот за дневен престој. Сите прозори на возилото се опремени со касетни ролетни и завеси. За возачката кабина тука е и новиот затемнувачки концепт на креирање на удобен простор за патување.

Дополнителните стандардни функции вклучуваат кујна со просторен тоалет и детали како надворешно осветлување над лизгачката врата. Како стандардни тука се и поврзувањата на задниот дел со надворешен туш кој го прави кампувањето перфектно. Електрична скалила, која се движи под лизгачката врата, го прави влегувањето и излегувањето мошне едноставно, додека двојната мрежа за комарци во вратата е есенцијален дел од спецификацијата. Една иновативна функција претставува контролата на звучниот систем преку Bluetooth. Ова овозможува едноставно ракување со инфо забавниот систем користејќи само паметен телефон, таблет или лаптоп.

Grand California е опремен со ротирачки седишта на предната и двојната клупа во дневниот простор. Семејствата со мали деца ќе ги ценат точките за прицврстување на ISOFIX заедно со горниот ремен во задниот дел. Голема трпезариска маса обезбедува доволно простор за четири лица да седнат да јадат заедно. Кујнските делови вклучуваат фрижидер од 70 литри со ладилник (достапен однадвор, како и преку лизгачката врата), шпорет за гас со двојни плочи, мијалник и разновидни фиоки, повлекувачи за складирање и полици.

Дополнително достапен е двоен кревет на спрат за деца со интегриран панорамски покрив. Достапни се и деталите како дополнителна единица за клима уред на задната страна, тенди, заден багажник и маса и столици (кои може да се складираат во вратите на крилата).

Стандардното греење со гас може дополнително да се прошири како систем за греење што работи на електрична енергија генерирана од гас или дизел. Исто така ќе има систем за соларни панели монтиран на покривот, сателитска антена (за ТВ прием) и LTE / WiFi уред (рутер).

Покрај тоа, Grand California ќе биде достапна со системите за асистирање од Crafter и инфозабавниот систем. Системите за помош на возачот вклучуваат систем за следење на опкружувањето Front Assist со помош на функцијата за сопирање во итни случаи, помош за одржување во коловозна лента, монитор за слепи точки, предупредување за заден сообраќај за возење од паркинг простори и Помош за паркирање , системот за странична заштита контролиран од сензори, приспособливата контрола на патувањето и камерата за помош при паркирање.