EA189 Кампања за сервис: Мерка за градење доверба (TBM)

Почитувани колеги,

Ви пишуваме со цел да Ве известиме за Мерката за градење доверба на Volkswagen групацијата (TBM), и како таа се вклопува во нашиот поширок веќе постоечки кориснички гудвил.

Мерката за градење доверба треба дополнително да го зголеми учеството во активноста за сервис

Релевантните органи за одобрување ги одобрија техничките мерки за сите засегнати возила од типот EA 189, кои се имплементирани во текот на сервисот, и потврдија дека тие немаат негативно влијание врз официјалните бројки за емисии на CO2, потрошувачката на гориво, моќноста на моторот, вртежниот момент и бучавата. Покрај тоа, долгорочен став на Volkswagen групацијата е дека техничките мерки немаат никакво негативно влијание врз трајноста на моторот и неговите компоненти. Органите се согласуваат дека не постои негативно влијание врз трајноста на системот за контрола на емисии. Со Ваша помош, Volkswagen Групацијата веќе оствари одличен напредок со имплементацијата на техничките мерки: техничките мерки се имплементирани во речиси околу 5.0 милиони возила.

Сепак, и покрај ова, според повратната информација од нашите корисници знаеме дека некои од нив и понатаму се загрижени за влијанието на техничките мерки на трајноста на некои компоненти. Ова може да биде, во некои случаи, причина за одбивање на надградбата на возилата. Според тоа, со Мерката за градење доверба, сакаме да ја зајакнеме довербата на корисниците во техничките мерки и се надеваме дека дополнително ќе го зголемиме бројот на корисници кои ќе одлучат да учествуваат во активноста за сервис.

Мерка за градење доверба. Компоненти, услови

Со Мерката за градење доверба, Volkswagen ќе ги разгледа сите жалби за кои е утврдено дека настанале како резултат на имплементацијата на техничката мерка на возилата со дизел мотори од типот EA189, а кои се однесуваат на одредени делови од моторот и системот за третман на издувни гасови, како што е наведено подолу. Мерката за градење доверба важи во период од 24 месеци откако возилото ќе ја добие техничката мерка и само за возила со километража помала од 250,000 km во времето кога Мерката за градење доверба била имплементирана (кое и да настане прво).

Мерката за градење доверба важи за следниве сервисни идентификациски броеви:

Сервисен идентификациски број Опис

2330 цевки под висок притисок

2340 вбризгувач

2357 ламбда сонда

2358 сензор за температура

2370 цевка за довод на гориво

2371 вентил за контрола на притисок

2372 сензор за притисок

2373 цевка за дистрибуција

2374 пумпа под висок притисок

2379 за Volkswagen куќиште на вентил за придушување

2649 за сите други брендови дел за EGR вентил за придушување

2637 EGR вентил за промена

2639 вентил за рециркулација на издувни гасови

2643 уред за ладење на рециркулацијата на издувните

гасови

2672 сензор за температура за емисии

2675 сензор за диференцијален притисок на EGR

Подготвивме краток преглед за дополнителните детали за условите на Мерката за градење доверба. Ве охрабруваме внимателно да ги проучите условите кои се дадени во прегледот и да се запознаете со истите. Ако се користат одговори во посебен извадок или во комбинирана форма, ова не смее да ја наруши суштината на оригиналните изјави.

Конкретно, за Вашиот тим за грижа за корисници и инфо линии, исто така креиравме посебен документ со прашања и одговори за Мерката за градење доверба. Овие прашања и одговори не се за јавна дистрибуција, туку треба да служат само како помош во комуникацијата во случај на прашања од корисниците. Ако одговорите се користат во извадок или комбинирана форма, ова не смее да ја наруши суштината на оригиналните изјави. Ако имате дополнителни прашања.

Мерка за градење доверба и поширок кориснички гудвил

Како што можете да видите од условите во Прегледот, Мерката за градење доверба важи само таму каде што може да биде позитивно утврдено дека техничките мерки предизвикале проблем кој корисниците го пријавиле. Како што знаете, долгорочен став на Volkswagen групацијата е дека техничките мерки немаат негативно влијание на трајноста на моторот и неговите компоненти. Органите се согласуваат дека не постои негативно влијание врз трајноста на системот за контрола на емисии. Според тоа, ние не веруваме дека техничките мерки предизвикуваат некој таков проблем каков што пријавиле корисниците.

Иако Техничките Мерки не го предизвикуваат проблемот кој корисникот го пријавил, сепак, како гест на добра волја кон корисниците, TPI објави во ElsaPro /HST разјасни дека Volkswagen ги ажурираше условите во однос на индивидуалната поддршка за гудвил во рамките на SAGA за горенаведените сервисни идентификациски броеви за потенцијално целосно да го покрие трошокот за нивна поправка. Како резултат, за овие корисници, гудвилот ќе биде достапен во рамките на SAGA како и вообичаено. Практично, SAGA секогаш треба да биде Вашиот прв избор, наместо Мерките за градење доверба. Мора внимателно да ги следите горенаведените TPI.

Од причина што техничките мерки немаат негативни влијанија врз засегнатите компоненти на моторот на возилата, навистина е важно при справувањето со корисниците кои ќе пријават дефект во однос на некој од горенаведените сервисни идентификациски броеви, да го прифатите пријавениот проблем со нивното возило, и доколку возилото на корисникот не подлежело на нестандардна модификација, јасно да потврдите дека ќе ја извршите поправката бесплатно како гест на индивидуална добра волја. Вие мора да му појасните на корисникот дека овој гест на добра волја не се нуди како резултат на имплементираните технички мерки затоа што не е утврдено дека тие го предизвикале дефектот ниту дека истите негативно влијаат на работата на возилото. Оваа важна порака мора, исто така, да се обезбеди до корисникот со тоа што ќе се додаде како прилог кон налогот за сервисната работилница, картичката за работата, фактурата или некој друг еквивалентен документ како што следува:

"Volkswagen ја изврши следнава работа на Вашето возило, бесплатно, како гест на индивидуална добра волја *. Овој гест на добра волја не беше понуден како резултат на техничките кои беа имплементирани затоа што не е утврдено дека техничките мерки го предизвикале дефектот, ниту дека тие негативно влијаат на работата на Вашето возило."

Бидете сигурни дека ние нема да очекуваме од Вас да одредите дали техничките мерки го предизвикале проблемот кој е пријавен од корисникот (и, навистина, Ве охрабруваме да не се обидувате да го сторите ова). Секоја потребна истрага ќе се изврши централно.

Поточно, при имплементацијата на Мерката за градење доверба од страна на дилерите и во врска со секој претходно посотечки гудвил, ние креиравме посебен, внатрешен документ на прашања и одговори со цел да Ви помогнат како упатства за имплементација. Ако одговорите се користат во посебен извадок или во комбинирана форма, ова не смее да ја нарушува суштината на оригиналните изјави.

Барања за рефундирање

Volkswagen не сака нејзините корисници кои веќе ги надградиле нивните возила да се чувствуваат во понеповолна положба во споредба со оние кои сега ќе ги надградат нивните возила. Според тоа, во однос на сите поправки на било кој од горенаведените сервисни идентификациски броеви кои биле претходно извршени на возило Volkswagen по имплементирањето на надградбата, сè додека возилото на корисникот не било изложено на нестандардна модификација, Volkswagen целосно ќе ги покрие сите плаќања кои биле извршени од страна на корисникот во однос на трошоците за поправка само за тие сервисни идентификациски броеви, на истиот начин како да постоел ажуриран SAGA гудвил во времето на првичната поправка.

Корисникот исто така мора да ја приложи фактурата која покажува дека поправката била извршена на еден од горенаведените сервисни идентификациски броеви по сервисната надградба. Секое барање за рефундирање мора да биде дадено кај овластениот Volkswagen сервисен партнер во рамките на истата земја, затоа што работата била извршена пред 31 декември 2017.

Во случаите каде што овие корисници бараат рефундирање на нивните претходни трошоци за поправка и доколку се исполнети условите за надградба во SAGA, се очекува продавачот на Volkswagen да му додели на корисникот ваучер за сервис во вредност на настанатите трошоци. Доколку корисникот го одбие истиот, се очекува продавачот да му ги исплати истите на корисникот. Volkswagen ќе му надомести на продавачот за обезбедувањето на овој посебен третман до вредноста на рефундирањето.

Настанатите трошоци треба да се побараат преку SAGA/2. Сите технички детали се опишани во горенаведениот TPI.

Однапред Ви благодариме за Вашата постојана поддршка во однос на ова прашање.

Вашиот Тим за ЕА189 во Volkswagen .

Ве молиме слободно контактирајте нè.