Додаток за веб страната на брендот

1. Што претставува мерката за градење доверба на Volkswagen?

Со Мерката за градење доверба, Volkswagen ги информира своите корисници дека ќе ги разгледа сите поплаки кои настанале како резултат на имплементацијата на техничката мерка на возилата со дизел мотор тип EA189, а кои се однесуваат на одредени делови на моторот и системот за третирање издувни гасови. Мерката за градење доверба важи во период од 24 месеци откако возилото ќе ја добие техничката мерка и само за возила со километража под 250,000 km во времето кога Мерката за градење доверба е имплементирана (кое и да настане прво).

Volkswagen секогаш изјавуваше дека имплементирањето на техничката мерка нема негативно влијание на потрошувачката на гориво, емисиите на CO2, моќноста на моторот, вртежниот момент, бучавата, или трајноста на моторот и неговите компоненти. Сите бројки кои се релевантни за одобрувањето на типот за возилото ќе останат валидни. Регулаторните органи изречно потврдија дека регулаторните барања се исполнети. Потврдата исто така важи за барањата за трајност на системите за контрола на емисии. Мерките за градење доверба не влијаат на оваа позиција.

Со мерката за градење доверба, Volkswagen испраќа јасен сигнал дека надградбата нема негативни влијанија врз трајноста на возилото. Оваа мерка треба да служи за зајакнување на довербата на корисникот во техничката мерка и треба да охрабри повеќе да ги надградат своите автомобили.

Корисниците брзо можат да добијат детални информации за условите и опсегот на Мерката за градење доверба од сите овластени дилери и работилници за нивниот соодветен бренд на возило.

2. Кои брендови ја нудат Мерката за градење доверба и кои модели се засегнати?
Мерката за градење доверба се однесува на сите модели на Volkswagen, Audi, Seat, Skoda и Volkswagen комерцијални возила кои имаат дизел мотори од типот EA189 кои ја добиле техничката мерка.

3. На кого се однесува Мерката за градење доверба?
Мерката за градење доверба ќе им се нуди на сите корисници на Volkswagen чиишто возила се опремени со дизел мотор од типот EA189 и кои ги надградиле своите возила како дел од сервисот 23R6 за дизел возила. Ова важи само за возила со километража помала од 250,000 km во времето кога Мерката за градење доверба е имплементирана. За да биде квалификуван, корисникот мора да покаже доказ дека целиот препорачан сервис и активности за одржување од страна на производителот се извршени (т.е. ова се однесува на возила со целосна историја на сервис).

Мерката за градење доверба исто така важи за сите корисници чиишто квалификувани возила веќе ја добиле техничката мерка, од датумот кога тие ја добиле (под услов останатите барања за Мерката градење доверба да се исполнети). Мерката за градење доверба е поврзана со идентификацискиот број на возилото и важи и за новиот сопственик ако возилото се продаде во рок од 24 месечен период кој е опфатен со критериумите за важност.

Мерката за градење доверба се применува во целиот свет, со исклучок на Соединетите Американски Држави, Канада и Јужна Кореја, што е предмет на различни регулативи.

4. Кои компоненти се опфатени со Мерката за градење доверба?
Мерката за градење доверба опфаќа вкупно 11 компоненти во рамките на системот за рециркулација на издувни гасови, системот за вбризгување гориво и системот за пост-третман на емисии: ламбда сонда, сензор за температура, EGR вентил за промена, вентил за рециркулација на издувни гасови, сензор за диференцијален притисок за рециркулација на издувни гасови, вбризгувач, пумпа за висок притисок, цевка за довод на гориво, вентил за контрола на притисок, сензор за притисок, цевки под висок притисок.

Мерката за градење доверба не го менуваат ставот на Volkswagen дека техничките мерки немаат никакви негативни влијанија врз трајноста на моторот и неговите компоненти. Регулаторите потврдија дека техничките мерки ги исполнуваат сите правни барања и немаат негативно влијание врз потрошувачката на гориво, емисиите на CO2, моќноста на моторот, вртежниот момент и бучавата.

5. Какви се условите за Мерката за градење доверба?
Покрај условите кои се дадени погоре:

1) Мерката за градење доверба

• може да се додели, оцени и користи само кај овластен дилер,

• важи само за поплаки само во однос на употребените материјали и работата која се врши на следниве компоненти на EGR, системот за вбризгување гориво и системот за пост-третман на емисии, ламбда сонда, сензор за температура, EGR вентил за промена, EGR вентил, EGR сензор за диференцијален притисок, вбризгувач, пумпа за висок притисок, цевка за довод на гориво, вентил за контрола на притисок, сензор за притисок, цевки под висок притисок,

• не ги опфаќа заменските возила, дополнителните трошоци, штети и тн.

(2) доколку

• засегнатото EA 189 возило учествувало во активноста за сервис 23R6

• возилото било соодветно сервисирано согласно планот за сервис, новостите и повиците од страна на Volkswagen

(3) и доколку ниту еден од следниве случаи не настанала:

• случаи на природно трошење, односно нарушување на работата на возилото предизвикано од истрошеност, сопственикот или неовластен сервисен партнер или дилер не го поправил, сервисирал или не се грижел соодветно за возилото (на пр. преку употреба на оригинални делови и тн.),

• не биле запазени инструкциите за работа, третман и грижа на возилата како што е на пр. дадено во прирачникот со инструкции,

• возилото е оштетено од трети страни или надворешни услови како што е незгода, гром/град, поплава и тн, кои го предизвикале проблемот на кој се однесува жалбата,

• секоја жалба во однос на филтерот за честички која настанала како резултат на преоптовареност со прашина,

• во возилото се вградени делови или возилото е променето на неодобрен начин, т.е. преку (чип) тјунинг,

• со возилото се управувало на несоодветен начин, на пр. за мотоспортски натпревари или во случај на преголемо оптоварување,

• имателот на возилото не ја доставил жалбата во рамките на разумна временска рамка,

• имателот на возилото не ѝ дал можност на Volkswagen да се справи со прашањето во разумен временски рок.

 

6. Дали мерката за градење доверба важи ако моето возило веќе учествувало во техничката мерка?

Да, како што е погоре наведено, Мерката за градење доверба ги опфаќа сите клиенти чии возила веќе ја добиле и техничката мерка, од датата кога ја добиле (ако сите други услови за Мерката за Градење Доверба се исполнети).

Ако некој клиент има настанати трошоци за релевантна работа извршена на нивното возило, за која е утврдено дека настанала како резултат на имплементација на техничката мерка, (БРЕНД) со задоволство ќе истражи за Вас дали тие трошоци ќе бидат покриени од (БРЕНД). Сите барања за такво покритие мора да бидат доставени до овластен (БРЕНД) сервисен партнер од истата земја бидејќи работата била спроведена пред 31 декември 2017.