Совети за гумите

Чистење на гумите

За отстранување на предмети од шарките на гумата соодветни се четки, уреди за чистење под висок притисок или рачен туш. Внимавајте на масни или други растворувачи! Тие го гребат материјалот и можат да предизвикаат значителни оштетувања на Вашата гума.

 

Проверка на гумите

Проверете ја површината на гумата и страничните ѕидови. Предметите кои се заглавиле, дупките на патот и рабовите на тротоарот може да предизвикаат значајни оштетувања.

 

Обележување на насоката и позицијата на тркалото

Пред демонтажа на гумата забележете ја насоката и позицијата на гумата. Зависно од шарките, можат да се заменат гумите на предната оска со тие на задната оска. Со тоа гумите можат вкупно исто да се извозат.

 

Прилагодување на притисокот

Пред складирање уште еднаш зголемете го притисокот во гумите за 0,5 bar.

 

Оптималното складирање...

.. мора да биде на ладно, суво и темно место. Изберете соодветна просторија, затоа што под влијание на светло, топлина и воздух којшто струи, гумената супстанца ја губи еластичноста и цврстината. Гумата побрзо старее и напукнува. Освен тоа, задолжително треба да се избегне контакт со бензин или масло!

Користете држач за фелни или наредете ги сите тркала хоризонтално едно над друго на дрвена палета. Гумите без фелни мора да се постават вертикално и од време на време да се вртат.

 

Складирањето на гуми - олеснето со сервисната работилница на Volkswagen Комерцијални возила

 

 Доколку оваа работа Ви одзема време и визбата веќе Ви е полна, обратете се на Вашата сервисна работилница. Таа професионално ќе се погрижи за складирање на тркалата и гумите. Со обезбедување на простор за складирање, темелно чистење како и проверка на гумите за евентуални оштетувања за време на паузата од возењето гумите се во добри раце.