Transporter Шасија

Transporter Шасија

НА НЕГО МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ. КАКО ЕДИНСТВЕН ОД НЕГОВАТА КЛАСА TRANSPORTER НУДИ ШАСИЈА СО ОКОЛУ 1.600 КГ НОСИВОСТ ЗА ПОВЕЌЕКРАТНИ СТРУКТУРИ ЗА НАДОГРАДБА. TRANSPORTER ШАСИЈАТА Е ДОСТАПНА КАКО ЕДИНЕЧНА ИЛИ ДВОЈНА КАБИНА. ОПЦИОНАЛНАТА КОНЗОЛА НА ИНСТРУМЕНТНАТА ТАБЛА СО 1-DIN КУТИЈА НУДИ ПРОСТОР ЗА МЕСТА ЗА ПРЕКИНУВАЧИ СПЕЦИФИЧНИ ЗА НАДОГРАДУВАЊЕ.

ГАЛЕРИЈА СО СЛИКИ

ИСКУСЕТЕ ГИ ВРВНИТЕ ПЕРФОРМАНСИ НА TRANSPORTER ШАСИИТЕ ОД РАЗЛИЧНИ ПЕРСПЕКТИВИ.

ИСКУСЕТЕ ГИ ВРВНИТЕ ПЕРФОРМАНСИ НА TRANSPORTER ШАСИИТЕ ОД РАЗЛИЧНИ ПЕРСПЕКТИВИ.

ВИДЕА

TRANSPORTER TВ-СПОТ.

Transporter. Од секоја страна професионален.

TRANSPORTER ВО УПОТРЕБА.

Искусете ги предностите на Transporter.

УДОБНО НА ПАТ. ОПРЕМИТЕ КАКО ВИСОКОКВАЛИТЕТНИТЕ INFOTAINMENT СИСТЕМИ И КОМФОРНИТЕ ДОДАТОЦИ СЕ ГРИЖАТ ЗА ТОА, СЕКОЕ ВОЗЕЊЕ СО TRANSPORTER ШАСИЈАТА ДА БИДЕ ПРИЈАТНО.

Car-Net
Радио системи и навигациски системи
Греење и клима-уреди
Електрични потпирачи за ‘рбетниот столб
Комфорен пакет- Кабина за возачот
МОБИЛНА МРЕЖА

ВЕ СНАБДУВА СО АКТУЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ.

Поврзете го Вашиот Transporter шасија со Вашиот паметен телефон како и со интернет и покрај актуелните сообраќајни информации имајте пристап до многу други корисни информации.

INFOTAINMENT, КОЈШТО ОДУШЕВУВА

СО ЗАБАВА СТИГНЕТЕ ДО ВАШАТА ЦЕЛ.

Исто и во областа на Infotainment, Transporter шасијата одушевува: Опремен со најновите радио системи и навигациски системи, се грижи за најдобра забава и ориентација.

ЕДНОСТАВНО ЧУВСТВУВАЈТЕ СЕ ПРИЈАТНО

ПОСТОЈАНО УЖИВАЈТЕ ВО ПРИЈАТНА КЛИМА.

Модерниот клима-уред за многу кратко време ја регулира температурата во внатрешниот простор и во топли денови обезбедува ладен воздух. Греењето во мирување во ладни денови дава пријатно чувство. Дополнително, загревањето на предното стакло гарантира добар поглед при секакви временски услови. 

КОМФОРНО

СОЗДАДЕТЕ СИ УШТЕ ПОГОЛЕМА УДОБНОСТ.

Ергономското седиште на возачот коешто може да се постави во висина заедно со потпирачот за 'рбетниот столб којшто електрично се поставува нудат прецизен комфор при седењето.

Дополнителната опрема се доплаќа. 

КОРИСНО

ПРАКТИЧНИ ДОДАТОЦИ ЗА ВАС.

Комфорниот пакет- Кабина за возачот којшто можете опционално да го добиете опфаќа преграда за очила, светло за читање, прегради на единечните седишта, штитници за сонце со огледало за шминкање, рачка на А-столбовите, сигнална сирена со двократен тон, замаглено внатрешно осветлување како и приклучок за напојување од 12 волти на инструментната табла.

Дополнителната опрема се доплаќа. 

НАПРЕДНО ВО ГРАДСКИОТ СООБРАЌАЈ. TRANSPORTER ШАСИЈАТА РАСПОЛАГА СО ИНОВАТИВНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ И БЕЗБЕДНОСНИ СИСТЕМИ, КОИ ВИ НУДАТ НАЈДОБРА ПОМОШ ВО МНОГУБРОЈНИ СИТУАЦИИ.

Безбедносни системи
Системи за помош на возачот
Светлосни системи
СЕРИСКА БЕЗБЕДНОСТ

ОВАА ИНТЕЛИГЕНТНА ТЕХНИКА ЌЕ ВЕ ВООДУШЕВИ.

Со безбедносните системи во Transporter шасијата скоро сè Ви е подготвено: Системите во случај на потреба интервенираат со помош и така можат да намалат опасности во градскиот сообраќај. 

ПРЕДВИДУВАЧКИ

ВАШАТА ПОДДРШКА ВО КРИТИЧНИ СИТУАЦИИ.

Интелигентните системи за помош на возачот возењето во Transporter шасијата го прават уште покомфорно, затоа што предупредуваат при умор и го одржуваат саканото темпо.

ВИДЛИВИ ПРЕДНОСТИ

ПОСТОЈАНО УЖУВАЈТЕ ВО ОПТИМАЛНО ОСВЕТЛЕН ПАТ.

Долго светло, коешто автоматски намалува отсјај како и дополнителни фарови, коишто го покажуваат патот и при лоши временски услови- сè е достапно за Вас.

ГОЛЕМА МОЌНОСТ. НОВАДА ГЕНЕРАЦИЈА НА TDI-МОТОРИ СО НОРМА ЗА ИЗДУВНИ ГАСОВИ ЕУРО 6 УБЕДЛИВИ СЕ СО НИВНАТА ШТЕДЛИВА ПОТРОШУВАЧКА. МНОГУБРОЈНИТЕ ИНОВАЦИИ И ВО ТЕШКИ СИТУАЦИИ СЕ ГРИЖАТ ЗА ДОБРО ВОЗЕЊЕ.

Техника на мотори
Менувач со двојна спојка DSG
Погон на сите тркала 4MOTION
СИЛНО И ШТЕДЛИВО

НАЈНОВИ МОТОРИ СО НИСКА ПОТРОШУВАЧКА.

Секој агрегат нуди особено ниска потрошувачка на гориво- и тоа без да се заштедува на задоволството при возењето.

НАПРЕДНО

УЖИВАЈТЕ ГОЛЕМ КОМФОР ПРИ ВОЗЕЊЕТО.

Опционалниот менувач со двојна спојка DSG со 7 степени овозможува целосно автоматско, скоро незабележително менување на степени без прекин на влечената сила и со тоа значајно придонесува за голем комфор при возењето. Можете да избирате меѓу нормален и спортски режим.

ОПРЕМЕН И ЗА ЛОШИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ

СОВЛАДАЈТЕ ГИ И ПЛАНИНИТЕ И СНЕГОТ.

Опционалниот погон на сите тркала 4MOTION се грижи за добра тракција како и оптимално користење и управување на возилото при тешки услови- како при возење на планини и кога има снег. Погонот на сите тркала 4MOTION можете да го добиете по желба исто така заедно со менувачот со двојна спојка DSG и механичка блокада на диференцијал за задната оска- уникатен концепт на погон за оваа класа на возила.

ПОДГОТВЕН ЗА СЕКОЈА ЗАДАЧА. КАКО ЕДИНСТВЕН ОД НЕГОВАТА КЛАСА TRANSPORTER ШАСИЈА НУДИ ДО 1.600 КГ НОСИВОСТ ЗА ПОВЕЌЕКРАТНИ СТРУКТУРИ ЗА НАДОГРАДБА.

Внатрешен простор
Фарови
Опреми за приколка
Дигитален тахограф
ВЕЛИКОДУШЕН

КОРИСТЕТЕ ОГРОМЕН ПРАКТИЧЕН ПРОСТОР ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО КАБИНАТА НА ВОЗАЧОТ.

Во секојдневната употреба системот за издувни гасови одново и одново ќе ве увери. Многубројните можности внатрешниот простор го претвораат во перфектно организирано работно место. Дополнителниот простор за сместување се грижи за уште поголема слобода. 

СИЛНО ОСВЕТЛУВА

УЖИВАЈТЕ ВО ОПТИМАЛЕН ПОГЛЕД.

Ефикасните фарови стандардно се грижат за добар поглед. Опционално Transporter шасијата може да се опреми со двојни фарови и LED- предни фарови со силна светлина.

ИЗДРЖЛИВ

ПРЕВЕЗУВАЈТЕ ТЕШКИ ПРЕДМЕТИ НА МНОГУ ЕДНОСТАВЕН НАЧИН.

Изберете помеѓу статична опрема за приколка и опрема за приколка којашто може да се извади, којашто по потреба можете едноставно брзо да ја монтирате.

ЕДНОСТАВНО ИСЧИТУВАЊЕ

ВИ ЗАШТЕДУВА ВРЕМЕ И РАБОТА.

Дигиталниот тахограф којшто можете да го добиете по желба снима податоци за патот и брзината и автоматски го предупредува возачот пред надминување на времето на управување.

ИНФО МАТЕРИЈАЛ & ДРУГИ ЧЕКОРИ