H4-ФАРОВИ

Сериски Transporter е опремен со ефикасни и атрактивни H4 фарови со регулирање на висината на светлосниот сноп.

H7-ДВОЈНИ ФАРОВИ

Опционално можете да ги добиете H7-двојните фарови со висок интензитет на светлина. Тие нудат голем досег како и многу добро странично осветлување за оптимален поглед при темнина. Тие се составен дел од пакетот Светло & видливост "Plus".

Дополнителната опрема се doплаќа.

LED-ПРЕДНИ ФАРОВИ

Исто така опционално може да се нарачаат и LED- предни фарови. Соборното и долгото светло се генерираат преку LED-диоди коишто заштедуваат енергија. Големата оперативна безбедност и долгиот животен век на LED-диодите ја зголемуваат безбедноста со намалена веројатност од дефект. LED-фаровите меѓу другото се истакнуваат со голем волумен на светло, долга издржливост, светлосен спектар сличен на дневната светлина и мала побарувачка на енергија. Достапни се само заедно со LED-задни фарови.

 

Дополнителната опрема се доплаќа.

Close