ФАРОВИ

Сериски Transporter е опремен со ефикасни и атрактивни H4 фарови со регулирање на висината на светлосниот сноп.

Опционално можете да ги добиете H7-двојните фарови со висок интензитет на светлина. Тие нудат голем досег како и многу добро странично осветлување за оптимален поглед при темнина. Тие се составен дел од пакетот Светло & видливост "Plus".

Исто така опционално може да се нарачаат и LED- предни фарови. Соборното и долгото светло се генерираат преку LED-диоди коишто заштедуваат енергија. Големата оперативна безбедност и долгиот животен век на LED-диодите ја зголемуваат безбедноста со намалена веројатност од дефект. Напредната LED-технологија достигнува голем волумен на светло, долга издржливост, светлосен спектар сличен на дневната светлина и мала побарувачка на енергија. Достапни се само заедно со LED-задни фарови.

 

Пакетот Светло & видливост "Plus" како и LED-фаровите се дополнителни опреми и се доплаќаат.

ТРЕПКАЧИ НА ПОКРИВОТ

Трепкачите на покривот коишто можете да ги добиете по желба ја подобруваат заштитата од судири со возила коишто доаѓаат одзади со добро видлива позиција од далеку.

 

Дополнителната опрема се доплаќа.

Close