КЛИМА УРЕД " CLIMATIC"

Полуавтоматскиот, опционален клима-уред располага со сензор за внатрешниот простор и постојано ја израмнува внатрешната температура во возилото со саканиот степен на топлина. Дополнително воздухот во просторот на патниците оптимално се дели.

 

Дополнителната опрема се доплаќа.

ЗАГРЕВАЊЕ НА ПРЕДНОТО СТАКЛО

Со загревањето на предното стакло коешто можете да го добиете по желба, имате добар поглед нанапред- дури и при ладно и влажно време.

Дополнителната опрема се доплаќа. Загревањето на предното стакло се добива само заедно со пакетот Светло & видливост.

ГРЕЕЊЕ ВО МИРУВАЊЕ

Греењето во мирување коешто можете да го добиете по желба работи независно од уредот за греење и вентилација и може да се управува како преку контролно поле во возилото, така и опционално преку далечински управувач. По желба алтернативно добивате и дополнително греење со вода.

Дополнителната опрема се доплаќа.

ДОПОЛНИТЕЛНО ГРЕЕЊЕ ВО ПРОСТОРОТ ЗА ПАТНИЦИ

Со втор разменувач на топлина на Д-столбот со опционалното дополнително греење во просторот за патници се произведува дополнителна топлина и преку отвор за вентилација на Ц-столбот се пренесува во просторот за патници.

Дополнителната опрема се доплаќа.

Close