СОПИРАЧКА ЗА ПОВЕЌЕКРАТЕН СУДИР

Сериската сопирачка за повеќекратен судир по судир го води процесот на сопирање, за во идеален случај да се избегнат последователни судири¹. Сопирачката за повеќекратен судир е активна, доколку два сензори кои се независни еден од друг препознаат незгода. По кратко одложување возилото постепено се запира на 10 km/h, при што возачот во секое време повторно може да ја преземе контролата.

 

¹ Во рамките на границите на системот.

СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ СОПИРАЊЕ

Серискиот систем за помош при сопирање препознава со која брзина е притиснат педалот за сопирање. При рефлексно или итно сопирање побрзо се воспоставува целосниот притисок врз сопирачките.

СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ПОАЃАЊЕ НА НАГОРНИНИ

Серискиот систем за помош при поаѓање на нагорнини го спречува несаканото лизгање на возилото и при поаѓање се грижи за комфорно управување.

ИНДИКАТОР ЗА КОНТРОЛА НА ГУМИ

Опционалниот индикатор за контрола на гумите предупредува при отстапувања во притисокот на гумите и го упатува возачот, колку што е можно побрзо да го провери притисокот во гумите¹.

 

¹ Во рамките на границите на системот.

ДРУГА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Електронска програма за стабилност¹
Го спречува преслабото или пресилното управување, со што наменето се сопираат поединечни тркала.

Антиблокирачки систем (ABS)
Го спречува блокирањето на тркалата и со тоа ја задржува можноста за управување.

Систем за контрола на пролизгување (ASR)
Го спречува пролизгувањето на тркалата.

Електронска блокада на диференцијал (EDS)
Ја дели погонската сила на сите тркала без пролизгување.

Воздушни перничиња
Нудат најдобра можна заштита при фронтален или страничен судир. Воздушното перниче на совозачот може да се деактивира со клучот на возачот.

Предупредување за врзување на појас
Му сигнализира на возачот дека појасот не е врзан, со што по стартувањето на моторот оптички и по започнувањето на возењето акустично бара од Вас да го врзете појасот.

 

¹ Во рамките на границите на системот

Close