Transporter Патар

Transporter Патар

ОПТИМАЛНО ПОДГОТВЕН ЗА СЕКОЈА РАБОТА. TRANSPORTER ПАТАР ЈА ПРЕНЕСУВА СИЛАТА НА ГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ: ПОТЕЖОК УРЕД, ПОВЕЌЕ ОПРЕМА, ПОВЕЌЕ ТОВАР, ПОВЕЌЕ РАБОТНА СИЛА. МОДУЛАРНИОТ ПРИНЦИП ОВОЗМОЖУВА ПЕРФЕКТНО ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ПОВРШИНАТА ЗА ТОВАРЕЊЕ, ОПРЕМАТА И КАПАЦИТЕТОТ ЗА ЛИЦА. TRANSPORTER КАМИОНОТ СО ПРИКОЛКА Е ДОСТАПЕН СО ЕДИНЕЧНА И ДВОЈНА КАБИНА. ОБРНАТО Е ВНИМАНИЕ И НА УПОТРЕБАТА НА НЕПРИЦВРСТЕНАТА ПОДЛОГА: ПОДВОЗЈЕТО ИСТО ТАКА СЕ ДОБИВА И СО ОПРЕМА ЗА ВОЗЕЊЕ ПО НЕРАМЕН ТЕРЕН

ГАЛЕРИЈА СО СЛИКИ

ИСКУСЕТЕ ГИ ВРВНИТЕ ПЕРФОРМАНСИ НА TRANSPORTER ПАТАР ОД РАЗЛИЧНИ ПЕРСПЕКТИВИ.

ИСКУСЕТЕ ГИ ВРВНИТЕ ПЕРФОРМАНСИ НА TRANSPORTER ПАТАР ОД РАЗЛИЧНИ ПЕРСПЕКТИВИ.

ВИДЕА

TRANSPORTER TВ-СПОТ.

Transporter. Од секоја страна професионален.

TRANSPORTER ВО УПОТРЕБА.

Искусете ги предностите на Transporter.

ПЕРФЕКТНО ОСМИСЛЕН. КОМФОРНИТЕ ОПРЕМИ КАКО МОДЕРНИТЕ УРЕДИ ЗА ГРЕЕЊЕ И КЛИМА-УРЕДИ, КАКО И ВИСОКОКВАЛИТЕТНИТЕ INFOTAINMENT СИСТЕМИ СЕ ГРИЖАТ СЕКОЕ ВОЗЕЊЕ СО TRANSPORTER ПАТАР ДА ПРЕТСТАВУВААТ ЗАДОВОЛСТВО.

Car-Net
Радио системи и навигациски системи
Греење и клима-уреди
Електрични потпирачи за ‘рбетниот столб
Комфорен пакет- Кабина за возачот
МОБИЛНА МРЕЖА

ВЕ СНАБДУВА СО АКТУЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ.

Поврзете го Вашиот Transporter Патар со Вашиот паметен телефон како и со интернет и покрај актуелните сообраќајни информации имајте пристап и до многу други корисни информации.

INFOTAINMENT, КОЈШТО ОДУШЕВУВА

СО ЗАБАВА СТИГНЕТЕ ДО ВАШАТА ЦЕЛ.

Исто и во областа на Infotainment, Transporter Патар одушевува: Опремен со најновите радио системи и навигациски системи, се грижи за најдобра забава и ориентација.

ЕДНОСТАВНО ЧУВСТВУВАЈТЕ СЕ ПРИЈАТНО

ПОСТОЈАНО УЖИВАЈТЕ ВО ПРИЈАТНА КЛИМА.

Модерниот клима-уред за многу кратко време ја регулира температурата во внатрешниот простор и во топли денови обезбедува ладен воздух. Греењето во мирување во ладни денови дава пријатно чувство. Дополнително, загревањето на предното стакло гарантира добар поглед при секакви временски услови. 

КОМФОРНО

СОЗДАДЕТЕ СИ УШТЕ ПОГОЛЕМА УДОБНОСТ.

Ергономското седиште на возачот коешто може да се постави во висина заедно со потпирачот за 'рбетниот столб којшто електрично се поставува нудат прецизен комфор при седењето.

Дополнителната опрема се доплаќа.

КОРИСНО

ПРАКТИЧНИ ДОДАТОЦИ ЗА ВАС.

Комфорниот пакет- Кабина за возачот којшто можете опционално да го добиете опфаќа преграда за очила, светло за читање, прегради на единечните седишта, штитници за сонце со огледало за шминкање, рачка на А-столбовите, сигнална сирена со двократен тон, замаглено внатрешно осветлување како и приклучок за напојување од 12 волти на инструментната табла.

Дополнителната опрема се доплаќа.

ГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ СЕКОЕ ВОЗЕЊЕ. ИНОВАТИВНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ И БЕЗБЕДНОСНИ СИСТЕМИ, КОИ ВО КРИТИЧНИ СИТУАЦИИ МИСЛАТ ЗА ВАС И ВИ ПОМАГААТ ДА ИЗБЕГНЕТЕ ОПАСНОСТИ: РАДУВАЈТЕ СЕ НА ВИСТИНСКИОТ ТАЛЕНТ ЗА СЕСТРАНОСТ.

Безбедносни системи
Системи за помош на возачот
Светлосни системи
СЕРИСКА БЕЗБЕДНОСТ

ОВАА ИНТЕЛИГЕНТНА ТЕХНИКА ЌЕ ВЕ ВООДУШЕВИ.

Со безбедносните системи во Transporter Патар скоро сè Ви е подготвено: Системите во случај на потреба интервенираат со помош и така можат да намалат опасности во градскиот сообраќај.

ПРЕДВИДУВАЧКИ

ВАШАТА ПОДДРШКА ВО КРИТИЧНИ СИТУАЦИИ.

Интелигентните системи за помош на возачот возењето во Transporter Патар го прават уште покомфорно, затоа што предупредуваат при умор и го одржуваат саканото темпо.

ВИДЛИВИ ПРЕДНОСТИ

ПОСТОЈАНО УЖУВАЈТЕ ВО ОПТИМАЛНО ОСВЕТЛЕН ПАТ.

Долго светло, коешто автоматски намалува отсјај како и дополнителни фарови, коишто го покажуваат патот и при лоши временски услови- сè е достапно за Вас.

СИЛЕН ПОГОН. НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА TDI-МОТОРИ ЈА ИСПОЛНУВА НОРМАТА ЗА ИЗДУВНИ ГАСОВИ ЕУРО 6 И БЛАГОДАРЕНИЕ НА МНОГУБРОЈНИТЕ ТЕХНИЧКИ ИНОВАЦИИ СЕ ГРИЖИ ЗА ДОБРА ТРАКЦИЈА И ГОЛЕМ КОМФОР ПРИ ВОЗЕЊЕТО.

Мотори-Техника
Менувач со двојна спојка DSG
на сите тркала 4MOTION
СИЛЕН И ШТЕДЛИВ

НАЈНОВИ МОТОРИ СО НИСКА ПОТРОШУВАЧКА.

Секој агрегат нуди особено ниска потрошувачка на гориво- и тоа без да заштедува на задоволство при возењето.

НАПРЕДНО

УЖИВАЈТЕ ГОЛЕМ КОМФОР ПРИ ВОЗЕЊЕТО.

Опционалниот менувач со двојна спојка DSG со 7 степени овозможува целосно автоматско, скоро незабележително менување на степени без прекин на влечената сила и со тоа значајно придонесува за голем комфор при возењето. Можете да избирате меѓу нормален и спортски режим.

ОПРЕМЕН И ЗА ЛОШИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ

СОВЛАДАЈТЕ ГИ И ПЛАНИНИТЕ И СНЕГОТ.

Опционалниот погон на сите тркала 4MOTION се грижи за добра тракција како и оптимално користење и управување на возилото при тешки услови- како при возење на планини и кога има снег. Погонот на сите тркала 4MOTION можете да го добиете по желба исто така заедно со менувачот со двојна спојка DSG и механичка блокада на диференцијал за задната оска- уникатен концепт на погон за оваа класа на возила.

ПОДГОТВЕН ЗА СЕКОЈА ЗАДАЧА. КАКО ЕДИНСТВЕН ОД НЕГОВАТА КЛАСА TRANSPORTER ПАТАР РАСПОЛАГА СО МОДУЛАРЕН ПРИНЦИП КОЈШТО ОВОЗМОЖУВА ПЕРФЕКТНО ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ПОВРШИНАТА И ОПРЕМАТА. ОСВЕН ТОА НУДИ И МЕСТО ЗА ШЕСТ ЛИЦА.

Внатрешен простор
Окца за прикачување
Изобилие на варијанти
Фарови
Опреми за приколка
Дигитален тахограф
ВЕЛИКОДУШЕН

КОРИСТЕТЕ ОГРОМЕН ПРАКТИЧЕН ПРОСТОР ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО КАБИНАТА НА ВОЗАЧОТ.

Многубројните можности внатрешниот простор го претвораат во перфектно организирано работно место. Дополнителниот простор за сместување се грижи за уште поголема слобода.

ОСМИСЛЕНИ РЕШЕНИЈА

ЗАШТИТЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ПРЕДМЕТИ ЗА ТРАНСПОРТ.

За безбедност на товарот во подот се вметнати окца за прицврстување, коишто можат да се спуштат до површината за товарање.

ЗА СЕКОЈ ПРЕДИЗВИК

ФЛЕКСИБИЛЕН КАКО ВАШИТЕ ПОТРЕБИ.

Transporter Патар го има како единечна и двојна кабина, секоја со различна површина за товарање и меѓуоскино растојание- прилагодено на Вашите побарувања. 

СИЛНО ОСВЕТЛУВА

УЖИВАЈТЕ ВО ОПТИМАЛЕН ПОГЛЕД.

Ефикасните фарови стандардно се грижат за добар поглед. Опционално Transporter Патар може да се опреми со двојни фарови и LED- предни фарови со силна светлина.

ИЗДРЖЛИВ

ПРЕВЕЗУВАЈТЕ ТЕШКИ ПРЕДМЕТИ НА МНОГУ ЕДНОСТАВЕН НАЧИН.

Изберете помеѓу статична опрема за приколка и опрема за приколка којашто може да се извади, којашто по потреба можете едноставно брзо да ја монтирате.

ЕДНОСТАВНО ИСЧИТУВАЊЕ

ВИ ЗАШТЕДУВА ВРЕМЕ И РАБОТА.

Дигиталниот тахограф којшто можете да го добиете по желба снима податоци за патот и брзината и автоматски го предупредува возачот пред надминување на времето на управување.

ИНФО МАТЕРИЈАЛ & ДРУГИ ЧЕКОРИ