СИСТЕМ ЗА СМЕСТУВАЊЕ

Transporter е постојано опремен за секојдневна употреба. За перфектна организација на долг работен ден кокпитот нуди многубројни можности за сместување. Интелигентното подредување на различните прегради, фиоки и држачи внатрешниот простор го претвора во место за работа, каде сè е во најдобар ред. Предметите од вредност се безбедно сместени во фиоката за ракавици којашто може да се заклучи, документите се подредени во средната преграда со големина DIN-A4, очилата се лесно достапни во преграда на покривот, метрото на склопување е на дофат во новата фиока за метро и пијалаците безбедно се држат во преградите за шишиња и садови.

ФИОКА ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО КУТИЈАТА ДО СЕДИШТЕТО

Ако ја спуштите површината за седење на двојната клупа на совозачот, се отвора дополнителен простор за сместување, на пример за алати.

ДВОЈНА КЛУПА ЗА СЕДЕЊЕ НА СОВОЗАЧОТ СО ПРЕГРАДА

По желба грбниот потпирач на двојната клупа на совозачот може да се опреми со преграда, во којашто се вградени два држачи за пијалаци и еден држач за пенкала.

Дополнителната опрема се доплаќа. 

Close