РЕГУЛИРАЊЕ НА ДОЛГОТО СВЕТЛО "LIGHT ASSIST"

Опционалниот уред за регулирање на долгото светло "Light Assist" автоматски го намалува отсјајот кога доаѓаат возила од спротивната насока или возат пред Вас, пред да бидат заслепени. Од 60 km/h и при целосна темнина долгото светло автоматски се вклучува кај претходно активиран систем.

 Дополнителната опрема се доплаќа.

ФАРОВИ ЗА МАГЛА СО ВГРАДЕНО СВЕТЛО ЗА СВРТУВАЊЕ

Фаровите за магла со вградено светло за свртување коишто можете да ги добиете по желба, при лоши временски услови се грижат за оптимална видливост. При свртување соодветниот фар од страната на кривината го осветлува работ на улицата.

 

Дополнителната опрема се доплаќа.

LED-ПРЕДНИ ФАРОВИ

Собореното и долгото светло се генерираат преку LED-диоди коишто заштедуваат енергија. Големата оперативна безбедност и долгиот животен век на LED-диодите ја зголемуваат безбедноста со намалена веројатност од дефект. LED-фаровите меѓу другото се истакнуваат со голем волумен на светло, долга издржливост, светлосен спектар сличен на дневната светлина и мала побарувачка на енергија.

Дополнителната опрема се доплаќа.

Close