TDI-МОТОРИ

Најновата генерација на мотори со секој агрегат Ви нуди особено ниска потрошувачка на гориво - и тоа без да штедите на задоволството при возење. Како особено моќен и истовремено со мала потрошувачка се покажува 2,0-l-TDI моторот со 150 kW/204 коњски сили.

TSI-МОТОРИ

Изберете помеѓу 2,0-l-TSI- мотор со 110 kW/150 PS коњски сили и 2,0-l-TSI мотор со 150 kW/204 коњски сили. Двата мотори располагаат со директно вбризгување и турбо полнач.

BLUEMOTION ТЕХНОЛОГИЈА

Volkswagen моделите со BlueMotion технологија го следат "Think Blue". Идеи:  
Затоа секој нов мотор со Euro 6 норма сериски е опремен со Start-Stopp- систем, рециклирање на енергијата од сопирање, систем за помош при поаѓање на нагорнини и оптимирани гуми на отпорот при вртење.

Start-Stopp систем
Автоматски го исклучува моторот во неутрална позиција, кај рачен менувач и при непритиснат куплунг, на пример кога светлото на семафорот е црвено. За стартување е потребно нагазување на куплунгот и моторот повторно почнува да работи.

Рециклирање на енергијата од сопирање
Полнењето на акумулаторот на возилото за време на лизгање и сопирање на возилото ја олеснува работата на моторот и на тој начин ја намалува потрошувачката на гориво.

Оптимирани гуми на отпорот при вртење
Transporter остварува контакт со улицата преку оптимирани гуми на отпорот при вртење. Малиот отпор при вртење ја намалува потрошувачката на гориво и со тоа емисијата на CO 2.

Close