ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА 4MOTION

Со погонот на сите тркала 4MOTION којшто можете опционално да го добиете, сега доаѓа и куплунгот за погон на сите тркала од најновата генерација на менувачи. Предностите се помала тежина и повторно подобрување на возењето и возната динамика.

Погон на сите тркала 4MOTION со менувач со двојна спојка DSG
Единствен од неговиот вид во оваа класа: опционалниот погон на сите тркала 4MOTION се добива заедно со опционалниот менувач со двојна спојка DSG со 7 степени. Комбинацијата се добива кај мотор 110 kW/150 коњски сили  како и кај 150 kW/204 коњски сили. На овој начин уживајте во посебен комфор при возењето особено во планински предели, благодарение на целосно автоматизираната промена на степени.

Механичка блокада на диференцијал
Заедно со опционалниот погон на сите тркала 4MOTION за задната оска опционално добивате и механичка 100%-на блокада на диференцијалот. Таа го олеснува поаѓањето под отежнати услови, на пример настрана од улица на нерамни терени.

СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ПОАЃАЊЕ НА НАДОЛНИНИ

Опционалниот систем за помош при поаѓање на надолнини 1 се грижи со намалување на бројот на вртежи на моторот и доколку е потребно со интервенции при сопирање за контролирано и безбедно возење. Без асистенција од возачот, брзината константно се задржува на брзина на чекорење и со тоа возачот се ослободува.

 

1 Се добива само заедно со опционалниот погон на сите тркала 4MOTION.
Дополнителната опрема се доплаќа.

Close