Мени
Затвори мени

Transporter Т6.1 Патар

Од количка со платформа на тркала до камионет

Сè започна пред повеќе од 70 години во фабриката на Volkswagen: "Количките со платформа на тркала" што се користеле таму служеле како основа за Bulli. Transporter 6.1 камионетот им останува верен на овие корени и до денес. Сеедно дали се работи за тежок товар или за тешко совладлив терен - како единечна или двојна кабина и со различни варијанти на приколка, тој е дораснат за секаква задача.

Варијанти на опрема

Вашиот нов 6.1 камионет со единечна кабина, 6.1 камионет со единечна кабина Сменете ја Вашата конфигурација

Камионет со единечна кабина. KR 2.0 TDI EU6 SCR BMT 66 kW 5-степени; Може да содржи опции по избор

Особено впечатлив

Осмислени решенија за товарање

Товарање полно со идеи

Оној што сака да транспортира многу нешта, не ретко мора да смислува различни решенија. Поради тоа, нам нешто ни падна на ум. За да можете да ги донесете до целта дури и посебно големите, широки или вредни испораки со што е можно помал трошок.

  •  Окца за прицврстување
  •  Скалило за влегување од алуминиумски лим со избраздена површина
  •  Кутии за сместување
  •  Стабилни сигурносни брави
Површина за товарање

Капацитети за големи работни налози

Оној кој сака да постигне многу, мора да може и многу да превезува. Поради тоа, Transporter 6.1 камионет - во зависност од меѓуоскиното растојание - нуди простор за до четири еуро-палети.

Место за 2-6 лица

Качете се сите

Некои работат во мал тим - но мора да транспортираат големи уреди. Кај други пак е ангажирана голема работна екипа. Како и да изгледаат работните налози на Вашата компанија: Вашиот Transporter 6.1 може едноставно да се приспособи кон тоа. Во единечната кабина има место удобно да се сместат две лица. Во двојната кабина може да се сместат и до шест лица.

Оптимална проодност на отворен терен

Тежок терен? Најлесна задача

Нагоре, надолу по стрмнини и низ регионални патишта. Во длабоко мочуриште или на нерамни шумски патеки. Transporter 6.1 камионет останува на курсот во насока на работната  цел. Со својата способност за искачување од 37° и до 1243 kg товар тешко дека ќе можете да го одвратите од некој од Вашите планови. И, благодарение на системот за помош при поаѓање по нагорнини1 2 3, системот за помош при возење по надолнини и механичката блокада на диференцијалот1 3 тој самиот станува уште посуверен, кога патеката за возење станува сè потешка.

Силен погон

Нема да се откаже при тешките задачи

Тежок уред. Тежок товар. Тежок терен. Онаму каде што другите полека ќе се изморат, Transporter 6.1 камионетот без проблеми тргнува. А благодарение на опционалниот погон на сите тркала 4MOTION1 4 и менувачот со двојна спојка DSG1 4 тој ќе се погрижи за тоа, работата правилно да се извршува.

Функција

Новата дигитална мобилност

Попаметно кон работните налози: Благодарение на We Connect Вие сте секогаш обезбедени со сите потребни информации - службено и приватно.

Системи за греење и клима-уред

Временски услови? Сеедно!

Дали сте на задача при секакви временски услови? Сеедно дали сонцето со 30 степени безмилосно ја пече каросеријата или Ве смрзнува во длабок снег? Тоа значи да се биде силен - и да се имаат вистинските системи за климатизација и греење во возилото. Тие во текот на целата година ја одржуваат кабината на возачот на Вашиот Transporter 6.1 камионет на идеална пријатна температура.

Пребарување дилери Барано, најдено: Ваш партнер за Volkswagen Комерцијални возила

Ние сме во Ваша близина: Пронајдете го сега Вашиот партнер за Volkswagen Комерцијални возила и дозволете му да се посоветува на самото место.

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team