Мени
Затвори мени

Проверка Проверка на вашето патничко возило

Проверка Проверка на вашето патничко возило

Патничкото возило "Volkswagen" е вистинско чудо на технологијата. За да можете да уживате долго време и да патувате безбедно, треба да се потпрете на нашите специјалисти за одржување.

Зошто е важен сервисот?

  • За безбедност и одржување на вредноста на возилото. За помлади и постари возила. Речиси здравствен преглед на возилото.
  • Обемот на сервис притоа различно се оформува според староста на возилото и изминатите километри. При проверка се проверува целото возило: се започнува со електрониката, па до каросеријата, различните изабени делови и нивото на течностите - до 50 точки за проверка според состојбата на изминати километри.

Кога е достапен сервисот?

Налепницата на внатрешната страна на вратата на возачот односно индикаторот за сервисен интервал во тахометарот потсетуваат за следниот термин за сервис. Освен тоа, во сервисната тетратка е запишано, кога е доспеан следниот сервис. Потврдата од сервисот е еден од предусловите за овозможената мобилна гаранција од Вашиот сервис.

 

Сите детали за Volkswagen Мобилна гаранција

Што се дополнителни зафати?

Дополнителни зафати

Следните дополнителни зафати меѓу другото се потребни по одредени изминати километри како и абење на делови:

  • менувач и погон на оска: проверка на нивото на масло, по потреба дополнување на масло
  • Замена на свеќички
  • Серво-управувач: проверка на нивото на масло, по потреба дополнување на серво-масло
  • Замена на филтерот за гориво кај возила со дизел мотор
  • Замена на филтрите за прав и полен
  • Чистење на куќиштето на филтерот за воздух и замена на филтерот
  • Проверка на состојбата и растегливоста на запчените ремени и по потреба замена
  • Проверка на состојбата и растегливоста клинастите ремени и по потреба замена
  • Замена на течноста на сопирачките
  • И многу повеќе

Ве молиме обрнете внимание на деталните информации во Вашиот сервисен план. Вашата сервисна работилница со задоволство ќе Ве советува во врска со сите прашања за сервисните интервали како и за точниот обем и трошоците за зафатите за проверка и сервисирање.

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team