Мени
Search

Вашиот бизнис не смее да застане!

Вашиот бизнис не смее да застане!

Ја совладува секоја задача.

Без разлика дали брзате на итна испорака или на важен состанок со клиент, Caddy Cargo секогаш е со вас. Флексибилен, практичен и многуфункционален, тој ви помага секој ден, без разлика со каков предизвик се соочувате.

Со своите компактни димензии, совршено се снаоѓа низ градските улици, а неговиот простран товарен дел го прави одличен партнер и на градилиштето. Без разлика за што го користите, со Caddy Cargo секогаш изгледате професионално.

Го движи вашиот бизнис.

Пред повеќе од 70 години, Transporter беше одговорот на недостатокот од транспорт. Денес, тој нуди повеќе перформанси од кога било досега. Со својата импресивна висина на товарниот простор, големата практичност и најсовремените системи за асистенција при возење, Transporter се грижи секој ден безбедно да стигнете до вашата дестинација – вие, вашиот тим и целиот товар.

Подготвен за големи задачи.

За Crafter нема премногу тешка задача. Со идеални димензии, совршено одговара за габаритни евро палети или кутии на тркала. Покрај тоа, ви ја олеснува работата со најдобриот пристап за товарање и најсигурното прицврстување на товарот во својата класа.

100% пикап. 100% Премиум.

Бескомпромисен во теренските предизвици. Динамичен и сигурен на асфалт. Amarok ги обединува сите квалитети што ги очекувате од ексклузивен allrounder во премиум класата: смел дизајн, робустна изработка и моќ што освојува.