Мени
Затвори мени

Crafter Патар

Многу место за материјали. И целата екипа.

Crafter Патар е создаден за вистински тешки задачи. Затоа што тој е издржлив како оние, кои го возат. Иако не може целосно да ја преземе Вашата работа, сепак нуди многубројни карактеристики кои значајно Ви го олеснуваат секојдневието.

Сами создадете си слика од Crafter Патар

Варијанти на опрема

Технологија на погон

Може да се постават осум степени И тоа во сите видови на погон

Crafter е единственото возило од неговата класа со шест варијанти на погон и менувач. Предниот дел, задниот дел или погонот на сите тркала 4MOTION по избор може да се комбинираат со рачен менувач со 6 степени или со автоматски менувач со 8 степени. Моќна централна компонента се специјално создадените TDI мотори, кои се создадени за екстремни побарувања на комерцијално возило.

Најдобро работно место за возачот

Кокпитот, бирото и просторот за пауза се секогаш тука

Поголемиот дел од работниот ден го поминувате во патување? Тогаш Вашето возило не е само превозно средство. Тоа е местото, на кое ги сортирате Вашите документи, договарате термини, го полните Вашиот мобилен телефон. Или правите пауза за ручек. Со многубројните прегради и приклучоци, опционалното ergoComfort седиште со суспензија и по желба со повеќефункциски кожен управувач кој се загрева, Crafter камионетот е најдобро подготвен за сето тоа.

Соодветен за низ град

Патувајте порелаксирано

На непрегледни градилишта и тесни земјени патишта, во тесни градски улици или при веење на ветер на автопат: во Crafter камионетот Ви помагаат голем број на иновативни системи за помош и безбедносни системи, доколку настанат тешки ситуации. До целта ќе стигнете добро и пред сè релаксирано.

Најдобра економичност

Квалитетот се исплаќа

Висок долгорочен квалитет - ниски трошоци за одржување. Оваа пресметка совршено одговара за Crafter камионетот. Благодарение на неговата робустна обработка, ефикасните мотори и малиот воздушен отпор тој е соодветен за Вашата компанија. Од инвестицијата до повторната продажба.

Најдобро прицврстување на товар

Сè стои прицврстено на своето место

Проблематично е кога кутиите со алати се лизгаат, штиците паѓаат и за време на патувањето удираат на површината за товарање. Скапиот материјал може да се оштети или возачот да се деконцентрира. За сè да стигне до целта добро и во совршена состојба, Crafter камионетот Ви го нуди најдоброто прицврстување на товар од неговата класа: благодарение на 10 опционални окца за прицврстување и голем избор на шини за прицврстување.

Индивидуални надградби

Перфектно подготвен скоро за сè

За работата да се одвива совршено, потребна е правилната опрема. Кон тоа припаѓа и возило, кое е оптимално приспособено на Вашите барања. Така може да се имплементираат соодветни решенија за возило: Од возило со ладилник, преку болничко возило до возило за лица со инвалидитет. Со нашите возила возможно е скоро сè.

Дознајте повеќе

Најдобро поврзување

Информации во секое време. Ниедна секунда досада.

Во вообичаен работен ден често се поминува прилично многу време на пат. Се оди од една задача до друга, во меѓувреме мора да се оди и кратко до стовариште и потоа да се земе резервен дел од пазар за градежни производи. Затоа е уште поважно и покрај тоа да знаете сè што се случува. Благодарение на онлајн услугите "Car-Net" во Crafter камионетот скоро секогаш ќе бидете најактуелно информирани и добро ќе се забавувате.

Осмислено до најмалиот детаљ

Crafter Патар ги мобилизира материјалите, екипата и машините. За нивниот транспорт нуди голем број на можности.

Сите карактеристики

Товар

Назад кон прегледот

Товар

Crafter Патар ги мобилизира материјалите, екипата и машините. За нивниот транспорт нуди голем број на можности.

Надворешност

Назад кон прегледот

Надворешност

Опционалните LED фарови со светло за дневно возење, соборено светло и долго свето го осветлуваат коловозот заштедувајќи енергија.

Внатрешност

Назад кон прегледот

Внатрешност

Добро осмислените можности за сместување и многубројните дополнителни додатоци од просторната кабина на возачот создаваат Ваше удобно работно место.

Функција

Назад кон прегледот

Функција

Во Crafter Патар не само што цел ден патувате – туку притоа исто така сте најдобро обезбедени со информации и забава.

Назад кон прегледот

Назад кон прегледот

Назад кон прегледот

Иновативните системи за помош на возачот и интелигентите безбедносни системи предвидливо совладуваат опасни ситуации.

Информативен материјал за Crafter Патар

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team