Мени
Затвори мени

Crafter Товарно

Подготвен за големи задачи

На Crafter Товарно ништо не му е претешко. Неговите димензии се идеални за габаритни евро палети или кутии на тркала. Освен тоа, тој Ви ја олеснува работата со најдобрата можност за товарање и најдоброто прицврстување на товарот во неговата класа.

Направете самите слика од Crafter Товарно

Варијанти на опрема

Најдобро работно место за возачот

Кокпитот, канцеларијата и просторијата за пауза Ви се секогаш тука

Поголемиот дел од работниот ден го поминувате на пат? Тогаш, Вашето возило не е само превозно средство. Тоа е местото каде што ги сортирате документите, договарате термини, го полните Вашиот мобилен телефон или правите пауза за ручек. Со бројни површини за сместување и приклучоци, опционално амортизирано ergoComfort седиште и по желба достапен повеќефункциски кожен управувач што се загрева, Crafter Товарно е подготвен за сè.

Погоден за во град

Релаксирано по пат

На непрегледни градилишта и тесни шумски патеки или при силни ветришта на автопат: во Crafter Товарно, бројни иновативни системи за помош и безбедносни системи Ви помагаат кога ќе загусти. На тој начин, на дестинацијата ќе пристигнете сигурно и пред сè релаксирано.

Најдобра можност за товарање

Внесете го товарот на поедноставен начин

Кревање тешки пакети во возилото. Редење габаритни палети во товарниот простор. Влечење гломазен материјал низ задната врата. Товарањето и растоварањето е тешка работа. Crafter Товарно Ви ја олеснува.

  • Ширина на отвор на лизгачката врата од 1.311 mm
  • 2.196 mm висина на товарниот простор1
  • До 18,4m3 волумен на товарниот простор1
  • 100 mm понизок раб за товарање2
  • Опционални скалила
  • Опционално со LED осветлување на товарниот простор
Најдобро прицврстување на товарот

Сè си е на своето сигурно место

Не е за смеење кога пакетите паѓаат на сите страни, полиците се откачуваат и додека возите, во товарниот простор нешто тропа. Може да се оштети скапиот материјал или на возачот да му се одвлече вниманието. За сè да пристигне на целта сигурно и во беспрекорна состојба, Crafter Товарно Ви нуди најдобро прицврстување на товарот во неговата класа: благодарение на 14 опционални окца за прицврстување и голем избор шини за прицврстување.

Индивидуални додатоци

Совршено подготвени речиси за сè

За работните налози да се одвиваат совршено, потребна Ви е вистинската опрема. Тука спаѓа и возилото коешто е оптимално приспособено на Вашите барања. На тој начин може да се реализираат решенија за возило по Ваша мерка: од возило со ладилник, преку болничко возило, па сè до возила без бариери за луѓе со попреченост. Со нашите возила е можно речиси сè. 

Дознајте повеќе

Најдобро поврзани

Информирани во секое време. Никогаш досадно.

При вообичаениот работен ден, честопати прилично долго време се поминува на пат. Се вози од една работна задача до друга, во меѓувреме мора назад во магацин, па потоа во продавница по резервни делови. Притоа многу е важно да имате информации за сè. Благодарение на интегрираниот интерфејс за мобилниот систем за управување со возен парк "Connected Van" и онлајн услугите "Car-Net", во Crafter Товарно сте скоро секогаш информирани со најактуелните информации и добро разонодени.

Осмислен до секој детаљ

Crafter Товарно нуди најекономични решенија за транспорт ориентирани кон клиентот.

Сите карактеристики

Товар

Назад кон прегледот

Товар

Crafter Товарно предничи со најдобрата можност за товарање и најдоброто прицврстување товар во неговата класа.

Екстериер

Назад кон прегледот

Екстериер

Од LED-фарови до опционалниот пакет Trendline: веднаш може да се забележи дека Crafter Товарно има многу да понуди.

Ентериер

Назад кон прегледот

Ентериер

Извонредниот комфор и осмислениот концепт на прегради поставуваат нови стандарди во класата на големите транспортери.

Функција

Назад кон прегледот

Функција

Во Crafter Товарно, не само што сте по цел ден сигурни по пат, туку сте и најдобро информирани и разонодени.

Назад кон преглед

Назад кон прегледот

Системи за помош

Иновативните системи за помош на возачот и интелигентните безбедносни системи предикативно ги совладуваат опасните ситуации.

Извонредни перформанси

Менаџерите на возните паркови го одбраа Crafter. Според нив, тој се вбројува во најуспешните возила на пазарот. Поради тоа, Autoflotte го прогласи за Top Performer 2018 во категоријата "големи транспортери".

Информативен материјал за Crafter Tоварно

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team