Го живее животот ден за ден
Без разлика дали треба брзо да испорачате пратка или да ги однесете децата на училиште: Caddy е подготвен за сето она што секојдневието го носи. Сигурен, флексибилен и сестран, исто како и неговите претходници, тој сега во четвртата генерација е уште покомфорен и поштедлив. Тоа прави тој да биде навистина посебен автомобил. И совршено возило за сè.
Направете самите слика од Caddy
Варијанти на опрема
Многу простор за да се чувствувате добро
Во внатрешниот простор на Caddy ќе Ве дочекаат до седум екстремно удобни и флексибилни седишта, висококвалитетно обработен, модерно дизајниран кокпит и многу простор за сите изненадувања коишто Ве очекуваат во секојдневието.
Совршено се приспособува на Вашиот живот
Вашиот Caddy многу едноставно и флексибилно ќе се приспособи на Вашите барања. Тоа, меѓу другото, го овозможува и внатрешниот простор со седишта што се спуштаат, склопуваат и вадат. На тој начин, имате доволно простор за целото семејство, голем шопинг, транспорт на мали парчиња мебел или испораки.
Размислено на време
Без разлика дали станува збор за тесни паркинг-места, нестрпливи деца на задната клупа или неочекувани ситуации во патниот сообраќај: модерните системи за помош на возачот во Caddy Ви нудат поддршка во скоро секоја критична ситуација.
Со добра забава по пат
Секојдневието понекогаш знае да биде напорно. Земањето на децата, купувањето намирници и важните термини најчесто не може да се одложат. Па може да се случи во автомобилот да го поминете и половина ден. Но, слушајќи ја омилената песна и со најбрзата рута на дисплејот, сето тоа е многу полесно.
Постојано конектирани. Најдобро информирани.
Целосно посветете му се на семејството додека возите, а притоа сепак останете професионално достапни: бројните иновативни можности за поврзување на Caddy Ви овозможуваат постојан пристап до скоро сите информации коишто се важни за Вас.
Работи енергично кога тоа е потребно
Caddy со опционалниот погон на сите тркала 4MOTION работи совршено и на влажни, снежни, нечисти или оштетени патишта. Неговата спојка за сите тркала ја распределува погонската сила на тркалата со подобра тракција - за поголема безбедност во кривини и прецизно управување. Инаку, Caddy е единствен во неговата класа што Ви нуди фабрички постојан погон на сите тркала. Други предности и можности:
- Во комбинација со моќниот турбодизел мотор со 90 kW /122 КС, постојаниот погон на сите тркала одлично се вклопува и при користењето приколка.
- Комбинацијата од мотор од 2,0 l (110 kW/150 КС), менувач со двојна спојка DSG и погон на сите тркала 4MOTION, дополнително го зголемува комфорот при возењето.
Осмислен до секој детаљ
Двајца во шопинг, петмина на одмор, седуммина на детски роденден: Caddy го живее животот ден за ден.
Сите карактеристики
Екстериер
Екстериер
Прецизните линии, суптилните детали и истанчениот вкус Ви овозможуваат самоуверен настап.
Ентериер
Ентериер
Осмислениот варијабилен просторен концепт со најмногу седум седишта е комбиниран со отпорни материјали и висококвалитетно обработен кокпит.
Функција
Функција
Модерни системи за греење и климатизирање, практични контролни елементи и иновативни радио и навигациски системи овозможуваат пријатна и релаксирана атмосфера.
Системи за помош
Системи за помош
Модерните и иновативни системи за помош на возачот го надгледуваат патот. Тие интервенираат по потреба, со цел секое патување да биде уште покомфорно
Рекламно видео
Доживејте ги предностите на Caddy.