Точно ја знаете ситуацијата: На страната каде што има сонце во Вашето возило сопатниците полека се потат. На страната каде што има сенка е ладно поради клима-уредот. За во Caravelle 6.1 сите да се чувствуваат пријатно, посебни сензори автоматски ги приспособуваат моќноста на ладење и воздухот според падот на сончевата светлина. Се разбира дека принципот функционира и обратно: Доколку за време на ладните денови од годината предното стакло се замаглува, сензорите за влага се грижат моќноста на греење автоматски да се насочи кон напред и да се вклучи греењето на предното стакло.
Целосно автоматскиот клима-уред со филтер за алергени располага со различни сензори и поставената температурата за возачот, совозачот и патниците ја одржува константна. Во просторот на патници за пријатна клима се грижи второ греење, дополнителен испарувач и повеќе отвори за воздух во внатрешниот дел.
Клима-уредот во кабината на возачот со електронско регулирање овозможува постепено да се постави пријатна температура.