Кога термометарот во лето ќе се качи до 28 степени и сонцето ќе пече во Вашата возачка кабина, сè зависи од клима-уредот што лесно се регулира. Со него, не само што Вашето мобилно работно место ќе има пријатна температура, туку по желба може да се лади дури и фиоката за ракавици. На тој начин, при рака секогаш ќе имате ладен пијалак. Може да се одлучите за една од овие две варијанти:
Опционално достапниот клима-уред Ви ја овозможува температурата којашто ја посакувате благодарение на регулирањето без степени.
По желба достапниот клима-уред "Climatronic" нуди 2/3-зонско регулирање на температурата за возачот, совозачот и товарниот простор односно просторот за патниците. Автоматското вклучување на затворената циркулација на воздух, сензорот за квалитет на воздух, другите отвори за воздух и опционалното дополнително загревање создаваат пријатна клима.
Отворите за воздух на опционално достапниот клима-уред се наоѓаат над преградниот ѕид. Тој го климатизира товарниот простор при професионален транспорт на лица или товар чувствителен на температура.