Crafter Товарно има многу простор за материјал, алати, пакети и многу други нешта коишто Ви се потребни во текот на работниот ден. Освен тоа, тој нуди и многу паметни можности за сето тоа да се прицврсти. На тој начин, товарот на Вашата дестинација ќе пристигне сигурно и во беспрекорна состојба. На располагање Ви стојат следните решенија:
Шини за прицврстување
За оптимално прицврстување на товарот, по желба може да добиете стабилни шини за прицврстување од метал за страничните ѕидови, преградниот ѕид, рамките на покривот и универзалниот под.
Кровниот носач во внатрешниот простор Ви овозможува едноставно сместување на транспортираните предмети. Двата носача во возилото може да се поместуваат и да се приспособат на должината на предметите. Во моментот не Ви требаат? Едноставно извадете ги носачите.
Со пакетот прозорци, Вашиот Crafter може индивидуално да го обликувате до целосно застаклување на фургонот.